Најголемото закопано богатство на Балканот кое го барал и Аркан

Најголемото закопано богатство на Балканот, богатството на попот Мартин Химовиќ е цел на секој трагач на злато на овие простори. Легендата вели дека истото е закопано на Стара планина, но не се знае дали е тоа на српска или бугарска страна.

Но иако верзиите се разликуваат во однос на потеклото на попот Мартин, суштината на приказните е иста насекаде – Тој оставил неверојатно богатство, украдено од турските каравани кои пренесувале собран данок. Богатството било закопано на 62 локации, за кои самиот поп Мартин оставил белешки. Проблемот е во тоа што најголемите богатства се добро скриени, а за да се стигне до нив треба да се минат стапици кои можат да убијат човек и да се протолкуваат белешките на Мартин запишани како еден вид на загатки кои треба да се решат.

Попот Мартин Химовиќ од Херцеговина дошол во Србија со неговата сопруга Вида и ќерката Злата. Тие се вселиле во село кое тогаш се викало Умагушка, кое сега не постои. Селото било во близина на манастир, па така свештеникот одел таму на богослужби.

Еден ден, додека Мартин бил во манастирот, Турците дошле во селото Умагушка, а нивниот водич ја силувал жената на попот. Toгаш таа го грабнала ножот на еден од Tурците и го убила злосторникот, а подоцна, од срам, си пресудила и себеси. Сопругата на Мартин била погребана во дворот на куќата, а тој заедно со неговата ќерка, секојдневно, една година бдееле над нејзиниот гроб. За тоа време тој ќерката Злата ја научил како да употребува оружје.

Кога минала една година од смртта, попот Мартин ја соблекол црковната мантија и тргнал по одмазда заедно со својата ќерка и банда од 40-тина ајдуци кои ги собрал. Групата живеела во пештери, пресретнувала турски каравани кои од Истанбул носеле пари собрани од даноци. Тоа го правеле во денешните предели на Жагубица, Јагодина преку Зајечар до Пирот, Ниш и Врање.

Мартин со неговите ајдуци собрале огромно богатство кое го скриле на 62 локации, а попот за нив оставил тешко разбирливи белешки. Најпознатата локација на која е закопано богатство е Смуковата пештера, но и најопасна. На нејзиниот влез, имало голем број на стапици, шилести стебла, и механизми наместени да го убијат секој кој не го знае единствениот пат за да влезе во пештерата.

Смуковата пештера во 90-тите години ја пребарувал Жељко Ражњатовиќ – Аркан, со поранешниот тим од службите на Државната безбедност. И генералот Небојша Павковиќ со воени машини ги прекопувал планините во близина на Ниш и Пирот во потрага по богатството на попот Мартин.

– Тие не најдоа ништо, вели соговорникот С.М., жител на едно од Зајечарските села за Курир рс.

– Ја згрешија локацијата на пештерата, додава тој.

Смуковата пештера, како што е опишано во дневникот на Мартин Химовиќ, се наоѓа под “Трите врва”. Тоа е дел од Стара Планина кој паѓа во општина Књажевац.

– Со години трагам по пештерата каде што е скриено богатството и мислам дека конечно ја најдов точната локација. Пронајдов и неколку врежани знакови кои водат до неа. Само влезот во јамата е затрпан со тони земја и ќе ми треба добра група на луѓе и многу копање за да дојдам до влезот, вели С.М..

Тој поседува преписи на дел од дневниците на поп Мартин со описи на локации кои верува дека вистински ги протолкувал и дека ќе му помогнат да го најде богатството.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија