Германија ја продолжува вонредната дозвола за доаѓање на работна сила од Балканот

На државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, С.Македонија, Црна Гора, Србија и на Косово и натаму ќе им биде овозможено, независно од квалификациите да дојдат на работа во Германија.

Вонредната дозвола која овозможува доаѓање на економските мигранти од државите од Западен Балкан во Германија, ќе биде продолжена. Според нацртот на одредбата, достапен на германската новинска агенција ДПА, германското Министерство за труд би требало да ја продолжи таканаречената Регулатива за Западен Балкан, така што таа ќе важи до 2023 година.

Тоа значи дека на државјаните од С. Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово и натаму ќе им биде овозможено, независно од формалните квалификации за добивање на работното место, да смеат да допатуваат на работа во Германија.

Предвидениот годишен вкупен контингент за доаѓање на луѓето од Западен Балкан во Германија изнесува 25.000. Министерството за труд соодветниот нацрт го проследи до германската влада на усвојување.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија