Вештини кои носат нови работни места – кои се најбараните?

Ако сакате да биде успешни и конкурентни во денешниот свет, морате постојано да ги унапредувате вашите знаења и вештини.

Посебно е важно да владеете со некои дигитални вештини, бидејќи тоа е иднината.

Имено, Coursera објавила извештај за вештините кои се однесуваат на дигиталните професии, а кои би требало да ве насочат на вистинскиот пат. Во главно станува збор за технолошки домен, како наука за податоци.

Секоја од индустриите која ги промовира овие вештини напредувала во последно време, а особено е погодно тоа што работниците можат да работат на далечина, практично од било кое место на светот. Дури и по пандемијата, за овие стручњаци, работата на далечина би можела да стане трајно решение.

Некои можеби ќе се насочат кон хибридниот модел на работа, но потребата за наведените вештини ќе остане. До 2025 година, би требало да се развијат 149 милиони нови работни места.

Деловен сегмент

1. Аналитичар на податоци за софтвер (Data Analysis Software). 

2. Microsoft Excel

3. Управување со буџет

4. Бихевиорална економија

5. Управување со деловни процеси

6. Дигитален маркетинг

7. Управување со проекти

8. Маркетинг

9. Деловен дизајн

10. Анализа на податоци

Технолошки сегмент

1. Теорија на компјутерски науки

2. Начела на програмирање

3. C++

4. Програмирање (С)

5. JavaScript

6. Структура на податоци

7. Развој на веб

8. Дизајн и производи

9. Графички дизајн

10. Математика

Наука за податоци

1. Програмирање (Python)

2. Веројатност и статистика

3. Економетрија

4. Машинско учење

5. Управување со податоци

6. Алгоритми на машинско учење

7. Применето машинско учење

8. Распределба на веројатност

9. SQL

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија