Визен режим за граѓаните на Република Македонија

Согласно со одлуката на Европската Унија за либерализација на визниот режим со Република Македонија донесена на 19 декември 2009 година, на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и претстој до 90 дена, во период до шест месеци, во земјите-потписнички на Шенгенскиот договор. За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Државјаните на Република Македонија, без визи можат да патуваат во следните држави: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Италија, Израел, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешка, Шведска, Шпанија, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Црна Гора, Хрватска, Јапонија, Куба и Турција.
За влез во Србија, Албанија и Црна Гора, потребна е само лична карта.

За патување во останатите држави, потребна е виза. Во прилог следуваат информации за неколку од нив за кои има најголем интерес.

Австралија
Почнувајќи од 01.07.2012 година, македонските државјани кои патуваат во Австралија врз основ на одобрена виза, немаат обврска за поседување на виза стикер во патната исправа. Имено, Владата на Австралија издава електронски визи. Сите податоци се чуваат во централна база на податоци во Австралија. При пријавување на патникот (check-in) за лет до Австралија, пред да се дозволи влез во авионот, авиокомпанијата електронски проверува дали патникот поседува валидна виза за влез во Австралија. При добивањето на австралиска виза се издава потврда за добиена виза во која се наведени условите, вклучително периодот на важноста и условите за влез. Се советува патникот да ја носи наведената потврда со себе.
Виза се бара во Амбасадата во Белград.
Стандардни потребни документи се: пасош, копија од пасош, формулар, 4 фотографии, покана и уплата од 50 евра според ценовникот за визи.

САД
Македонските државјани можат да аплицираат за виза за привремена работа во САД во период од една година, со можност за продолжување на истата до три години. Условите за добивање на виза по основ на привремена работа во САД, македонските државјани можете да ги најдете на следниот линк.
Виза се бара во Амбасадата во Скопје.
Стандардни потребни документи се: пасош, копија од пасош, формулар, фотографија 5х5 и покана.

Канада
За приватни патувања, виза се бара во амбасадата во Белград, а за службени се бара во Виена – доколку се транзитира преку Канада, дури и на меѓународниот аеродромски транзитен простор.
Стандардни потребни документи се: пасош, копија од пасош, формулар, 2 фотографии, покана и такса (цена за еден влез изнесува 48,5 евра, а за мултивиза е 93,5 евра).

Освен стандардните документи, при аплицирање за виза можат да ви бидат побарани и следните документи:
1. За деловни патувања, односно настани поврзани со работа:
– покана за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или со работа;
– други документи со кои се утврдува постоењето трговски односи или односи поврзани со работењето;
– билети за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.

2. За патувања со образовна цел:
– потврда за запишување во наставна институција за следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука;
– студентска легитимација или потврда за следење курс.

3. За патувања за туристички или приватни потреби:
– доказ/потврда за сместување;
– доказ за маршрутата на патување;
– доказ за враќање (повратен билет).

4. За патувања од политички, научни, културни, спортски или религиозни настани или од други причини:
– покани, билети, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата што е домаќин и времетраењето на престојот;
– друга потврда во која се наведува целта на посетата.

5. Доказ за поседување доволно финансиски средства:
преку готовина, патнички чекови, кредитни картички и/или изјави за спонзорство, согласно со утврдените износи од страна на секоја од земјите.

6. Потврда за патничко/здравствено осигурување за времетраење на патувањето.

На државјанин на Република Македонија може да не му биде одобрен влез во шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија