Веќе три години по ред, авиокомпанијата WestJet Airlines е прогласена за најатрактивно работно место од страна на оние кои бараат работа. Меѓу првите пет компании се најдоа и Bombardier, IBM Canada, Canadian Solar Inc. и CAE Inc.
Резултатите од онлајн анкетата покажале дека повеќето Канаѓани изразиле желба да работат во следните сектори – транспорт и логистика, hi-tech производство, здравство и финансии. На прашањето кои барања ги имаат од работодавачот, повеќе одговориле дека сакаат да напредуваат во кариерата, да имаат добра работна
атмосфера, редовна плата и придонеси, како и можност да направат баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.
А што е она што ја направи WestJest толку атрактивна компанија? Сигурно се сеќавате на нивното божиќно изненадување на сите патници. Ова видео достигна над 40 милиони прегледи и беше најдобрата реклама на оваа авиокомпанија.
https://www.youtube.com/watch?v=zIEIvi2MuEk
Покрај одличниот маркетинг, WestJest е компанија која е позната по динамичната работна атмосфера, грижата за нивните вработени и интересните содржини. Дури 61% од анкетираните Канаѓани гласале дека со задоволство би работеле во оваа авиокомпанија.