Европски држави со најскапо гориво

Според последните истражувања направени од Drive Alive во март оваа година, Норвешка уште еднаш е на прво место меѓу европските држави со најскапо гориво. Холандија и Велика Британија се веднаш зад неа.
Државите во источна Европа имаат прилично ниски цени на гориво, а од западноевропските држави, Луксембург е најдобро место за да го наполните резервоарот. Но, исто така Белгија, Франција и Германија се релативно евтини.

Сепак, имајте на ум дека во секоја држава можете да наидете на различни цени на гориво. Цените во табелата што следи се просек добиен од податоци од различни извори, како што се официјални владини веб-сајтови, сајтови на компании за гориво, коментари на потрошувачите и слично.
gorivo
Запомнете дека горивото обично е најевтино на автопатиштата и во супермаркетите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија