Саскачеван со нова програма за стручни работници

Саскачеван отвара нова програма за стручни работници, која всушност ќе биде подкатегорија на канадската Express Entry програма. Ќе биде наменета за вработување на квалификувани работници кои веќе живеат во Саскачеван или сакаат да се преселат таму. Оваа категорија ќе ѝ овозможи на SINP програмата да препорача поединци кои се меѓу кандидатите за иселеничка виза, а го имаат потребното образование, работно искуство, познавање на јазици и ги исполнуваат останатите барања.

Кандидатите можат да аплицираат доколку живеат надвор од Канада или има доказ дека легално претојуваат во Канада. Тие мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
– Мораат да бидат прифатени како кандидати за Express Entry програмата, а под тоа се подразбира да имаат број на профил и валиден код. Сите кандидати мораат да обезбедат точни информации, во спротивно апликацијата ќе биде неважечка, а CIC може да им забрани на ваквите кандидати да не смеат да се пријават на програма од ваков тип во наредните пет години;
– Кандидатите мораат да постигнат најмалку 60 поени од 100 при SINP оценувањето. Истите се оценуваат според образованието, работното искуство, познавањето на јазик, возраста и врските со Саскачеван;
– Кандидатите мораат да покажат познавање на јазикот и да ги постигнат бараните резултати на тестот (повеќе информации околу нивото на познавање можете да прочитате тука);
– Задолжителна е диплома или сертификат за стекнато образование, која соодветствува на канадската диплома за високо образование;
– Задолжително е работно искуство во врска со стекнатото образование (минимумот е определен според професијата);
– Доколку за извршување на работата потребна е лиценца, тогаш кандидатот задолжително треба да побара лиценцирање во Саскачеван;

На следниот линк можете да прочитате многу повеќе информации околу процесот на аплицирање, исполнување на условите, како и бараните професии во Саскачеван.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија