ГЕРМАНИЈА: Бројот на работници потребни за овие позиции е двојно зголемен, платата е добра и не е потребна диплома

Дефинитивно има недостиг од негуватели во Германија, бидејќи бројот на луѓе на кои им е потребна грижа е речиси двојно зголемен во изминатите неколку години. Во исто време, бројот на згрижувачи расте многу побавно.

Информацијата ја соопшти Министерството за труд на барање на претставникот на десничарската Алтернатива за Германија, Рене Шпрингер.

Многу работници во секторот за грижа се мигранти, додека AfD сака значително да ја ограничи имиграцијата. Експертскиот совет за интеграција и миграција процени дека во 2022 година, околу 30 отсто од работната сила во областа на грижата за стари лица биле луѓе со мигрантско потекло.

Во Германија во 2015 година имало 2,9 милиони луѓе на кои им била потребна нега, а до крајот на 2023 година имало 5,6 милиони.

Во исто време, бројот на вработени во болниците и установите за згрижување стари лица, кои придонесуваат во државниот систем за социјално осигурување, се зголеми од околу 1,5 милиони на само 1,85 милиони, односно за околу 23 отсто.

Податоците покажуваат и дека се потешко е да се пополнат работни места во болниците и домовите за стари лица и покрај зголемувањето на бројот на невработени медицински работници и негувателки.

Според податоците на Федералната агенција за вработување, во октомври биле пријавени околу 34.000 слободни работни места во секторот за нега.

Во просек, сега се потребни три четвртини од годината, 269 дена, за да се пополни работно место во болничка нега, во споредба со 136 дена во 2015 година.

На полето на грижата за стари лица, тој период бил уште подолг во октомври – 296 дена, додека во 2015 година траел половина повеќе, 152 дена. Минатата година ситуацијата дополнително се влоши.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија