Германија ги забранува електричните тротинети?

Властите во Германија денеска ќе гласаат за “судбината“ на електрични тротинети. Станува збор за измени на законот за сообраќај, со коишто градовите во Германија ќе можат да изберат дали ќе ја ограничат или целосно ќе ја забранат употребата на електрични тротинети низ улиците.

“Користењето на патеките за пешаци од страна на оние кои возат електрични тротинети сè повеќе предизвикува проблеми во сообраќајот… посебно за пешаците и за оние кои имаат потешкотии при движење“, велат германските власти.

Во Германија активни се повеќе компании што изнајмуваат електрични тротинети, па сметаат дека ваквата одлука би можела сериозно да се одрази врз нивното работење.

Според тамошните медиуми, Германија нема да биде првата земја што ја забранува или ограничува употребата на електричните тротинети, бидејќи такви уредби веќе се спроведуваат во градови како што се Париз, Брисел и Милано.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија