Германија донесе одлука: Може ТОПЛЕС во јавните базени

Наскоро на жените ќе им биде дозволено да уживаат без градници во јавните базени во Берлин, соопштија градските власти.

Одлуката е донесена по жалба на жена која била исфрлена од отворен базен бидејќи била без горниот дел од костимот за капење.

Друга жена се приклучи на тужбата, велејќи дека била предупредена да не оди топлес на затворениот базен минатиот декември.

Судот заклучи дека и двете жени биле жртви на дискриминација, а градските власти утврдиле дека сите посетители на јавните базени во Берлин ќе можат да одат без горниот дел од нивните костими за капење.

Оваа одлука ќе биде поздравена од поддржувачите на таканаречениот Freikörperkultur – културата на слободното тело.

Странските туристи во Германија често се изненадени, а понекогаш дури и згрозени од глетката на голи Германци кои уживаат на бреговите на езерата, дремат во паркови или се потат во сауни.

Но, Германија е земја во која голотијата на некои јавни места се смета за нормална и здрава.

Прашањето дали да се дозволи еден вид нудизам на јавните базени во градот, сепак, вознемири многу службеници.

Минатото лето, некои помали градови во Германија дозволија топлес пливање во базени и плажи.

Раководството на базенот во Берлин всушност не ги промени правилата кои велат дека костимите за капење мора да ги покриваат гениталиите.

Само се појаснува дека оваа одлука се однесува на сите посетители без разлика на полот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија