Со цел да се заштитат од бранот зараза со сојот омикрон, мора да се подготвиме за евентуално затворање на училиштата, предупреди министерката за образование на Германија, Бетина Старк-Ватцингер.
-Во оваа ситуација мора да направиме подготовки на полето на образованието, ако стане потешко заради омикронот, изјави таа за медиумот „Функе“.
Старк-Ватцингер истакнува дека мора да се направат подготовки за алтернативно продолжение, доколку е потребно.
-Мора брзо да ја подобриме дигиталната опрема на училиштата. Мора да се подготвиме за затворање на училиштата, не во целата земја, но секако регионално, објасни таа.
Германија денеска го забележа првиот смртен случај од новиот сој омикрон, објави Институтот „Роберт Кох“, со седиште во Берлин.
Институтот објави дека лицето што починало било на возраст од 60 до 79 години, пренесуваат агенциите.
Во Германија во изминатите 24 часа се регистрирани 810 заболени од новиот омикрон-сој, со што вкупниот број на заболени од оваа варијанта се искачи на 3.198 лица.