Германската полиција предупредува на нов метод на измама со вашата кредитна/дебитна картичка

Германската полиција ги предупредува граѓаните на нов начин на измама. Криминалците се обидуваат да украдат податоци преку т.н ПОС уреди, односно читачи на кредитни картички.

Имено, од пандемијата на коронавирус, бесконтактното плаќање, односно плаќањето со картички станува сè попопуларно. Исто така и на измамниците со новите технологии им е многу полесно да дојдат до податоците од вашата картичка.

Сега се појави нов метод на измама, со кој криминалците се обидуваат да ги добијат личните податоци на своите жртви додека тие плаќаат со своите кредитни картички. Како што известуваат безбедносните експерти од компанијата Kaspersky, се појавил нов „малициозен софтвер“ кој криминалците го користат за „заразување“ на ПОС уредите и кражба на податоци.

PoS уредите од верзиите 06.03.8070, 06.03.8072 и 06.03.8080 Prilex се најмногу погодени од малициозниот софтвер. Имено, малициозниот софтвер ги инфицира POS уредите за плаќање. Податоците од кредитните картички кои се вметнати во уредот, како и внесените пинови, се снимаат со злонамерен софтвер, а податоците потоа завршуваат во рацете на криминалците.

PoS малициозен софтвер е малициозен софтвер кој ги заразил PoS уредите што се користат за плаќање со кредитна картичка, на пример во продавници или ресторани. Ова е напреден метод на кражба бидејќи бара специјализирано знаење и ресурси.

Потрошувачите немаат скоро никакви шанси да се одбранат од овој начин на кражба. Обично не е можно однадвор да се каже дали уредот е навистина заразен. Најважно е редовно да ги прегледувате вашите трансакции. Доколку забележите некакви неправилности, веднаш контактирајте ја вашата банка, велат од полицијата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија