SCHUFA – што е тоа и што значи некој да е во Schufa?

Сите сме слушнале за Schufa во Германија и знаеме дека ако некој е во Schufa, сигурно финансиски збркал нешто и сега е на некој вид црна листа. Дали е тоа навистина така? Што точно е Schufa и зошто е важно?

Што е Schufa?

Тоа е приватна организација за кредитно известување основана во 1927 година. Иако е најпозната во Германија, таа не е единствената. Покрај Schufa, тука се и Bürgel, Arvato, Deltavista итн.

Како работи Schufa?

Schufa собира информации за вас од повеќе од 9000 нејзини партнери. За возврат, овие партнери можат да се распрашаат во Schufa за вашите детали и да добијат слика за вашиот кредитен статус. Партнери на Schufa, како и компании кои се најмногу заинтересирани за вашиот кредитен статус, се банки, лизинг компании, електрични, телекомуникациски компании итн., во главно сите компании со кои потпишувате договор за плаќање или заем.

Во моментов Schufa има податоци за 67 000 000 корисници во Германија и не им е потребна ваша дозвола за да ги соберат овие податоци. Компанијата, односно партнерот на Schufa, едноставно мора да ве извести дека вашите информации му се ставени на располагање на Schufa (ова се мали букви на страница 14 од договорот). Schufa генерално не е заинтересиран за вашите приватни податоци, туку за финансиските податоци.

Информациите што ги собира за вас се:

Лични податоциПодатоци за вашите финансииПодатоци за неуспешни плаќања
Име и презимеВаши сметки во банкитеОдбиени чекови
Датум на раѓањеКредитни картичкиПостапки за наплата на долгови (Mahnverfahren)
Место на раѓањеДоговори за мобиленОдлуки дека треба да платите долг (Vollstreckungsbescheid)
Адреса на живеењеLeasing договориПриватни банкроти
Стари адреси на живеењеМоментални и веќе платени кредитиИнформации за финансиски осигурувања
Барања за кредити

Овие информации Schufa не ги чува засекогаш. Постојат правила кога одредени податоци се бришат, на пример, информациите за кредити се бришат 3 години откако сте го вратиле тој заем. Информациите за вашите банкарски сметки се бришат во моментот кога ќе ја затворите сметката. Барање за заем 12 месеци по барањето и така натаму.

Важно е да се знае дека сите кои живеат во Германија (скоро сите работоспособни) се влезени во Шуфа, така што терминот „тој е во Шуфа“ често се злоупотребува. Сите сме во Шуфа и се додека тој влез е позитивен, не се грижете.

Кои се последиците од негативниот внес во Шуфа?

Имате негативен запис ако не сте биле во можност да го отплатите кредитот, ако имате постапка за наплата на долг итн. Ова е проблем со нови барања, бидејќи малку компании ќе ви дадат нов заем , ќе ви понудат договор, лизинг или дури договор за мобилен телефон ако имате негативен влез во Шуфа. За нив, врз основа на извештајот на Schufa, вие сте „црвени“, односно премногу ризични.

Покрај негативниот запис, постои и индекс, оценката со која сте оценети. Може да се оцени од 0 (катастрофа) од 100 (tтип топ, екстра сигурен). Логиката е едноставна, колку е помал вашиот рејтинг, толку сте поризични за банката и ќе добиете полоши кредитни услови. Ако сте поблиску до оценката 100, банката нема да се двоуми да ви даде, на пример, заем со супер услови.

Како можам да го проверам мојот статус? Може ли Schufa да згреши?

Ако побарате Schufа ќе ви испрати копија од вашите податоци, и тоа неколку пати годишно.

Апликацијата можете да ја најдете тука:

https://www.meineschufa.de/index.php?site=11_3&via=menu

Мора да пополните кратко барање и да им испратите слика од вашата лична карта, а копија ќе добиете по пошта во рок од еден месец. Овој извештај ги содржи вашите приватни информации, информации за тековните и отплатените заеми, вашиот кредитен рејтинг и извештај за компаниите што го побарале вашиот извештај.

Не е невообичаено Schufa да има неточни информации за вас, односно дека извештајот има грешки. Со над 300.000 нови записи секој ден, може да се направат грешки. Во тој случај, можете да им испратите писмо и да побарате корекција на податоците. Адресата е:

SCHUFA Holding

Postfach 10 25 66

44725 Bochum

Ако некој од вас побара кредитен извештај (на пр. Vermieter / сопственик кога барате стан), не му го давајте овој документ бидејќи тој сè уште содржи многу приватни работи кои не се однесуваат на никој друг освен вас. Подобро е да нарачате кредитен извештај од Schufa, кој чини 29 евра и е наменет за тоа (Bonitats Auskunft).

Овој извештај можете да го нарачате тука:

https://www.meineschufa.de/index.php?site=7&via=menu

Што да внимавате и како да го подобрите вашиот статус?

Негативна Schufa можете да добиете многу лесно, треба само:

  1. Имате обврска за плаќање на која не одговарате и не ја оспорувате на пример сообраќајна казна, или
  2. Добиете 2 Mahnunga (предупредувања) на кои не одговарате 4 недели

Исто така негативни поени ви се додаваат ако имате голем минус на сметка.

Затоа ви препорачувам да ги проверите вашите лични податоци – не би требало да има проблем, можеби некој со исто име и презиме како вашето е во катастрофа со Schufa и вие само го превземате неговиот „статус“.

Во основа бидете одговорни со вашите финансии.

Ако веќе сте загрешиле, можете да го подобрите вашиот статус:

  • Ако имате грешка во личните податоци – веднаш
  • Доколку имате неплатена сметка помала од 2000 евра – веднаш штом го подмирите долгот
  • Ако имате минус на банка – веднаш штом го подмирите долгот и ја затворите сметката
  • Ако сте аплицирале за кредит и тој бил одбиен или одобрен – 12 месеци по поднесувњето на барањето,
  • Ако веќе имате кредит – 3 години од отплатата на кредитот,
  • Ако сте биле во регистарот на должници – 3 години (порано од тоа само со дозвола од судот)

Звучи банално, но ако размислите, не е тешко да се дојде до неволја на долг рок. Земате заем за 3 години, на пр. за автомобил. Во последната година не плаќате редовно, добивате негатива во Schufa што трае 3 години од датумот на отплата на заемот. Тоа значи дека сте во каша во следните 4-5 години. Не можете да склучите никаков договор, ниту нова претплата за мобилен телефон.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија