Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила последователнa регулатива на таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ (§ 26 став 2 од Правилникот за вработување). Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Р. Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација. Последователната регулатива важи до 31.12.2023 година. Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување.
Сојузната влада ги укина сите ограничувања за влез за лица резиденти од Р. Македонија, со важност од 20.06.2021. Со тоа е можно повторно да се обработат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулатива за Западен Балкан.
Термини за аплицирање за виза според оваа нова регулатива ќе се доделуваат за секој месец посебно. Оттука, подолгото време на чекање како во минатото отпаѓа.
Секој месец (на почетокот на јули) ќе се отвора листа на чекање за термин за следниот месец. Датумот на отворање на листата на чекање може да се менува од месец во месец. Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека доколку има голема побарувачка може да се случи евентуално сите заинтересирани од еден месец да не добијат термин. Во тој случај, следниот месец имате повторно можност да се регистрирате..
Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување. Законски можни се до 25.000 согласности за една календарска година. Ова приближно одговара на бројката на издадени визи од оваа категорија во 2019 година.
Последователната регулатива важи вклучително до 2023 година. Првите барања за виза можат да се поднесат само во надлежната германска Амбасада во една од споменатите шест држави. Тоа значи дека само баратели со вообичаен престој во една од овие држави имаат право да аплицираат. Сојузната агенција за вработување може, како и досега, да даде согласност само ако 24 месеци пред поднесувањето на барањето, барателите за виза не добивале паричен надоместок според Законот за парична помош за баратели на азил.
За време на пандемијата поради КОВИД-19, влез со цел вработување согласно чл. 26 став 2 од Правилникот за вработување не беше можен поради ограничувањата за влез во ЕУ предизвикани од пандемијата. Сојузната влада ги укина сите ограничувања за влез за лица резиденти во Македонија, со важност од 20.06.2021. Со тоа е можно повторно да се обработат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулативата за Западен Балкан.
Информации за постапката за поднесување на барање и за документите што треба да се поднесат, ќе најдете тука. Поднесување на барање со непотполна документација не е можно. Затоа Ве молиме да се регистрирате само за еден термин, доколку располагате со потребните документи!
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.