Германска амбасада почнува со работа

Од 22 јуни 2020 година конзуларното и визното одделение повторно ќе се отворат за странки!

И понатаму останува прописот дека исклучиво лица, кои добиле валидно известување за термин, имаат пристап во визното одделение.

Сите термини, кои беа откажани поради затворањето на амбасадата, се вратени на списокот на чекање на термин и  ќе бидат автоматски и по хронолошки редослед пререгистрирани за нов термин.

Благовремено пред Вашиот нов термин ќе добиете известување по електронска пошта (мејл).

Поради задолжителните правила за држење дистанса и хигиена, термините ќе се доделат само неколку недели однапред. Поради тоа, времето на чекање ќе се зголеми.

Информативен лист за проток на посетители
Ве молиме обрнете внимание на следните прописи за посета на Амбасадата:

  • Не доаѓајте порано од 30 минути пред доделениот термин во Амбасадата. Вашиот влез во Визното одделение е можен најрано 10 минути пред терминот.
  • Не доаѓајте со членови на семејството или пријатели во Амбасадата. Влезот е дозволен само за подносителот на барањето. Малолетните лица може да бидат придружувани
    од нивните родители или старатели.
  • Кога ќе пристигнете пред Амбасадата, застанете во редот за чекање и да ги почитувате правилата за растојание и хигиена.
  • Одржувајте, во секое време, пред Амбасадата и во Визното одделение растојание од 2 м помеѓу Вас и другите лица што чекаат.
  • Чекањето пред Амбасадата и влезот во Визното одделение се дозволени само со заштитна маска (заштита на носот/устата). Носете секогаш Ваша сопствена маска.
  • Пред да влезете во Визното одделение ќе биде измерена Вашата температура. На температура од 37,6°C влезот е забранет.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија