Девет невообичаени закони во Германија

Ако не сте алергични на оси, не убивајте ги, а бидете внимателни и ако се одлучите за тепачка со перници. Исто така, на полицајците мора да им персирате, а постои и одредено време кога не смеете да фрлате шишиња во кантите за рециклирање, пишува B92.

Светот е полн со необични закони, а такви има и во Германија. Ова се неколку од нив. 

Убивање оси

Ако убиете оса, Германците можат дебело да ве казнат, цената за такво дело се движи до 65.000 евра во Бранденбург, односно „само“ 5.000 евра во Рајнска област-Пфалц. Ќе ви прогледаат низ прсти само ако сте алергични на оси. Иако убиството е забрането, казните речиси никогаш не се наплаќаат.

Кривулесто возење велосипед

Возење велосипед под дејство на алкохол (1,6 промил или повеќе) не е дозволено во Германија. Ако седнете на две тркала по неколку испиени пива, би можеле да ја изгубите возачката дозвола, па дури и да полагате тест за психолошка процена. Оние што ќе паднат на тестот, со години ќе мора да докажуваат дека се психички здрави пред да си ја добијат назад возачката дозвола.

Протести под маска

Ако одлучите да протестирате во Германија, не правете го тоа со маска на лицето бидејќи е забрането со закон. Ако полицијата ве види со маска, може да ве уапси. 

Борба со перници

Перниците може да се сметаат за потенцијално, односно пасивно оружје – исто како и панцирот, кој служи за самоодбрана. Затоа, ако се впуштите во борба со перници во Германија, бидете нежни за да не ве обвинат за напад.

Право на прозорец

Во Германија секоја канцеларија мора да има прозорец за вработените да имаат доволно светлина.

Дупчење во недела

Дали имате соседи што дупчат ѕидови во недела? Во Германија тоа е противзаконско. Покрај тоа, забрането е фрлање шишиња во канти за рециклирање кога сакате – во времето за одмор тоа никако не се препорачува. 

Одбивање оџачари

На оџачарите во Германија им е полесно да влезат во куќа отколку на полицијата бидејќи законот пропишува дека граѓаните не смеат да им забранат пристап. За време на Третиот Рајх, секој оџачар имал одредени куќи за кои бил задолжен, а негова обврска била да ги пријави потенцијално недозволените активности на граѓаните.

Со полицаец само на вие

Во Германија мора да им персирате на полицајците. За непочитување на законот и редот, непристојните граѓани може да платат и до 600 евра. Затоа, мудро е да се знае разликата помеѓу „du“ и „Sie“ на германски. 

Пеење на првиот стих од химната

„Das Lied der Deutschen“ е државната химна, позната во светот како Deutschland, Deutschland über alles, што е и меѓу првите стихови напишани од Август Хајнрих Хофман во 1841 година.

Но, поради тоа што Нацистичката партија на Хитлер ја користела песната во согласност со својата идеологија и првиот стих го толкувала како „Германија мора да владее со целиот свет“, неговата употреба е забранета поради негативната конотација.

Поради тоа што Германците сепак не сакаа да ја отфрлат песната бидејќи е создадена со желба за демократија, ја задржаа како национална химна, но ја оставија само третата строфа.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија