ДЕСЕТ ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ – толку лани успеале да се подноват со нова кола, другите морале да се задоволат со „половњаци“

Десет илјади Македонци. И тоа можеби не се сите тие поединци, туку дел се и фирми или државни институции. Битно е дека само толку нови возила биле купени од македонските граѓани во текот на минатата година, што за волја на вистината, пак, е многу повеќе од претходната 2022 година.

Царината ги објави бројките на увезени возила за минатата година, и тие говорат дека лани, за сите 12 месеци, во земјава влегле 9.999 нови автомобили.

Повторно тие се многу помалку од употребуваните, чии број изнесува 33.213 коли, значи за над три пати повеќе. Тоа покажува дека Македонецот и натаму преферира да вози користен автомобил, бидејќи, колку и да скокна цената на „половњаците“, тие се сепак многу поприфатливи за нашиот граѓанин.

Наспроти тоа, за споредба, во претходната 2022 година, биле набавени 8.790 нови „убавици на четири тркала“, наспроти 23.381 употребувани автомобили.

Значи, Македонците во 2023 година, набавиле вкупно 47.050 возила, наспроти 35.458 илјади во 2022 година. Значи, лани сме набавиле за над 11 илјади возила повеќе во споредба со 2022 година, а растот многу повеќе се должи на употребуваните возила.

Инаку, најмногу нови коли лани сме набавиле во јуни, вкупно 1.009 нови возила. 

Во секој случај, останува суровата вистина дека нашите граѓани многу потешко можат да си дозволат нов автомобил, бидејќи, познавачите говорат дека многу од набавките на новите коли се должат и на подновувањето на возниот парк на државните институции.

За јануари годинава колку возила се увезени нашата Царина нема податоци, но затоа Хрватите, на пример, како што пишува Пословни.хр, пресметале дека во јануари се продадени 4.461 нов автомобил, што е за 33 отсто повеќе од минатиот јануари, кога беа продадени 3.346, покажуваат податоците на „Промоција плус“, врз основа на евиденцијата за регистрација.

Во првиот месец од годинава хрватските граѓани најмногу купувале автомобили на бензин и хибриди.

Автомобили на бензин се продадени 2.057 или 46,1 отсто од вкупната продажба, хибриди 1.354 или 30,4 отсто. Дизел моторот го избрале 830 клиенти, или 18,6 отсто, а плинскиот мотор 124 или 2,8 отсто.

Целосно електричниот модел го купиле 96 хрватски граѓани или 2,2 отсто.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија