Како да дадете отказ во Германија

Како да поднесете отказ е утврдено со законот во Германија, исто и во вашиот договор и има детали на кои треба да обрнете внимание доколку сакате оптимално да си дадете оставка – да го одработите отказниот период – и да се појавите на време на ново работно место без да изгубите пари и треба да се пријавите на Аrbeitsamt.

На што да внимавате кога давате отказ во Германија?

Прво, размислете дали навистина сакате да се откажете.

Кога поднесувате оставка, нема враќање назад. Ја напуштате таа работа или останувате на неа со прилично горчлив вкус во устата. Дали сте многу сигурни во тоа? Дали веќе сте обезбедиле друга работа (потпишале договор), или сте свесни дека ќе имате помал приход за време на невработеноста?

Дали ги испитавте сите алтернативи во сегашната фирма? Ако сакате поголема плата, втора позиција итн…дали веќе разговаравте со шефот за тоа? Можеби има начин да избегнете напуштање на фирмата доколку навистина не сакате.

Ако е така, треба да обрнете внимание на овие работи при откажување:

  • Отказен период (Kündigungsfrist)
  • Отказно писмо (Kündigungsschreiben)
  • Годишен одмор (Urlaub)
  • Писмо за препорака (Zeugniss)

Отказен период

Пред да поднесете оставка, погледнете го вашиот договор за вработување. Во него пишува уште точно треба да работите во случај да дадете или да добиете отказ. Најчеста варијанта е 4 Wochen zum Monatsende (4 недели од крајот на месецот). Ова значи дека ако започнете нова работа, на пример, 1.2.2020, мора да дадете оставка во писмена форма до. 1/3/2020 за да сработите 28 дена (4 недели) отказен период. Ако поднесете оставка, на пр. 9.1.2020, се сметаат 4 недели од крајот на тој месец. Ова значи дека 4 недели важат само од 2-ри месец, а вие сте слободни најрано на 28 февруари 2020 година.

Постојат и варијанти со полн месњц, со 3 месеци, затоа погледнете во договорот и испланирајте за да нема непријатни изненадувања.

Ако сте на пробен период (први 6 месеци), отказниот рок е само 2 недели.

Можете и да го раскинете договорот без претходна најава (веднаш), но само ако сте доживеале сериозно прекршување на договорот за вработување.

Отказно писмо

Тоа е само формалност со која ја запечатувате вашата одлука. Писмото за известување мора да содржи:

  • Вашата адреса
  • Назив и адреса на компанијата
  • реченицата „давам отказ“
  • Отказен ром (до кога сè уште работите, согласно договорот)
  • Вашиот потпис

Постојат милиони бесплатни примероци на интернет што само ги пополнувате. Еве еден:

https://karrierebibel.de/kundigungsschreiben-muster/

Сигурно е сигурно, погрижете се веднаш да ви се потпишат од фирмата и ставете го датумот на писмото за известување. За да немате потоа дискусии од типот „не беше 3.1., Туку 4.1.“итн.

Годишен одмор

Кога давате отказ во Германија тие обично годишниот одмор ви го пресметуваат во отказниот рок. Ако ви требаат одредени слободни денови и не сакате да оставите ништо на случајноста, едноставно побарајте годишен за тие денови пред да дадете отказ. Ако одморот е одобрен, не можат тоа да го изменат. Постојат опции кога годишниот одмор ви се исплаќа дополнително но тие се многу ретки.

Писмо за препорака

Писмо за препорака е потврда од вашиот поранешен работодавец дека сте уреден и добар рсботник. Според законот, имате право да го побарате тоа. Едноставно споменете го ова во отказното писмо и од работодавецот е должен да го напише писмото за вас.

Без оглед на кој начин ќе ја напуштите компанијата, не бидете емотивни, туку заминете си со стил. Подобро е да останете во добри односи, а тоа ќе се рефлектира во писмото со препорака што ќе го добиете.

Овие се најважните работи и критичните точки на кои треба да обрнете внимание. Бидете сигурни дека сè е според П.С. и исправно донесета ја вашата одлука.

И не плашете се, тоа е сосема нормален дел од секоја кариера и мал чекор кон нешто ново, веројатно подобро.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија