Неколку ситуации во кои 2 евра месечно ќе ве спасат од многу трошоци

Веројатно веќе сте го сретнале терминот Haftpflichtversicherung во Германија – и сте слушнале дека многу ваши пријатели веќе имаат таков вид осигурување.

Бидејќи доаѓаме од области каде единствените две осигурувања што ги знаеме се здравствено осигурување и автомобилско осигурување, важно е да се запознаеме со одредени осигурувања без кои едноставно не можете во Германија.

Овој текст ќе ви објасни како можете да ја покриете штетата направена од вас или некој од вашето семејство за 2 € месечно. Буквално тоа е една паричка што ја ставате во количката кога одите на шопинг!

Што е Privathaftpflicht осигурување во Германија

Privathaftpflicht или Haftpflichtversicherung ги покриваат сите штети што ние, нашиот сопружник или нашите деца ќе му ги направивме на некој друг.

Колку е важно да се има ова осигурување, ни кажува на страницата за статистика, на која се наведува дека дури 83% од населението во Германија го имаат ова осигурување. Тоа е всушност најчестото осигурување што го има едно домаќинство во Германија. Следно е осигурување на автомобил со 81%.

Зошто ни е потребно осигурување Privathaftpflicht во Германија?

Haftpflichtversicherung преведено на македонски јазик значи осигурување од лична одговорност. Како и според германските закони, секоја личност е стопроцентно одговорна за целата штета што му ја нанесува на некој друг – затоа немојте да се изненадите ако некој сака да ве тужи за тоа.

3 ситуации во кои ова осигурување ќе ве спаси:

Прва ситуација:

Еден пријател штотуку купи нов iPhone. Седите кај него дома и тој ви ги покажува сите можни работи што може да ги направи најновиот модел. Го земате мобилниот телефон во ваши раце и бидејќи сте несмасни, мобилниот телефон паѓа и стаклото се крши.

Пријателот се лути бидејќи ги знае трошоците за поправка на стаклото – за среќа имате Haftpflichtversicherung. Бидејќи вие сте одговорни за штетата, осигурителната компанија ќе преземе поправка на стаклото на вашиот пријател во ваше име.

Проблемот е решен!

Втора ситуација:

Играте фудбал во вашиот локален фудбалски клуб и шутирате слободен удар. Бидејќи не сте фудбалер, топката оди далеку од теренот и удира велосипедист кој поминува во близина. Доаѓате до него и забележувате дека ја скршил раката! Од друга страна, можете исто така да видите дека велосипедот е малку искривен!

Првото нешто што сакате да го видите во таа ситуација е дали велосипедистот е добро. Друга работа што ми паѓа на ум: колку ќе ве чини?

Бидејќи вие сте 100% одговорни за трошоците за лекување и поправка на велосипедот, вашиот Haftpflichtversicherung ќе ги преземе сите горенаведени трошоци!

Трета ситуација:

Одите на годишен одмор и со себе ги носите клучевите од станот во Германија. Само неколку дена пред да се вратите во Германија, забележувате дека клучот е едноставно го нема!

Вие знаете дека има клучеви кои коштаат над 50 евра и ако треба да се сменат сите брави на зградата, трошоците едноставно ќе се зголемат! За среќа, вашите 2 евра месечно можат да ги покријат овие проблеми.

Што покрива, а што не „Privathaftpflicht“ осигурување во Германија?

Сега кога ви објаснив зошто ова осигурување ви е повеќе од потребно, важно е да видите што опфаќа осигурувањето, а што не.

Haftpflichtversicherung покрива:

  • штета на туѓа сопственост (iPhone-от на пријателот на пример)
  • физичка или ментална штета на друго лице (велосипедистот соборен со топка)
  • ненамерна штета што сте ја предизвикале на изнајмениот стан и / или зградата во која живеете (на пример, изгубен клуч за изнајмениот стан)

Haftpflichtversicherung не покрива:

  • штетата што ќе ја правите додека возите автомобил (автомобилското осигурување е одговорно за тоа)
  • штетата направена од вашите куќни миленици
  • штетата што ќе ја направите самите на себе си (ако сам си го скршиш стаклото на мобилниот телефон, на пример)

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија