Еве која е толеранцијата на камерите за мерење брзина во Германија

Многу наши граѓани често патуваат во Германија. Каква е толеранцијата на камерите за мерење на брзина на возењето таму?

Треба да знаете дека таа е мала. До брзина од 100 километри на час се одземаат само 3 километри на час, а за брзини над 100 километри на час се одземаат 3 отсто од брзината.

Така, ако возите со брзина од 65 километри на час во град, камерата ќе одземе 3 километри на час од вашата брзина и вашата брзина ќе биде 62 километри на час. Ако возите со брзина од 150 километри на час на автопат, ќе ви бидат одземени 3 отсто од брзината или 4,5 километри на час, односно брзината ќе ви биде 145,5 километри на час.

Она што е особено важно да се истакне е дека не се споменува безбедносна разлика од 10 километри на час или 10 отсто. Значи, речиси и да нема толеранција за брзина поголема од дозволената, односно измерената од камерите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија