Единствениот град без невработени

На југот од Шпанија се наоѓа едно мало гратче по име Мариналеда кое е вистински рај на земјата. А зошто е тоа така?

Просечната плата во овој шпански град изнесува 1.200 евра месечно, што не звучи примамливо, но сметајте на тоа дека месечната кирија за еден нормален стан изнесува само 15 евра.

Според градоначалникот Хуан Мануел Санчез Гордиљо, Мариналеда нема потреба од полиција. Тој смета дека полицајците не им се потребни, зашто овде сè се прави доброволно. Во овој град нема незадоволство ниту криминал и се цени чесната работа и мирниот живот.

Целиот град има покриеност со бесплатен интернет, па за оваа услуга никој од жителите не добива сметка. Освен тоа, бесплатно им е користењето на двата фудбалски терени, кошаркарскиот и тенискиот терен, а има и терени за сквош и одбојка, како и базен.

Кога во Мариналеда ќе добиете дозвола да направите куќа, локалните власти ви го обезбедуваат материјалот, а после изградбата плаќате по 15 евра месечно за рефундирање на трошоците за материјалите. Затоа во овој град нема градни и бездомници. Сепак, овде не е дозволено да си ја продавате куќата.

Градот во најголем дел живее од земјоделието – на фармите се произведуваат неколку прехранбени култури, а најмногу пченица, грав, маслинки, артичока, феферони и брокула. И додека Шпанија се бори со невработеноста, во Мариналеда речиси сите се вработени. Тоа е и една од најголемите причини зошто постои заинтересираност за доселување. За жал, листата е толку голема што треба да чекате повеќе од две години.

gradot-vo-koj-sekoj-bi-sakal-da-zhivee-se-naogja-vo-shpanija-144737

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија