Експертите предвидуваат дека цената на биткоинот следната година ќе достигне 100.000 долари

Вредноста на биткоинот може да достигне и надмине 100.000 долари на почетокот на следната година, според Греам Џенкин, директор на CoinList, платформа за трансакции со криптовалути.

Причината за ваквиот оптимизам ја наоѓа во довербата на корисниците во оваа криптовалута. Џенкин потсетува дека неговата вредност постојано расте од 20 октомври, кога на пазарот беа лансирани фјучерси на биткоин. После тоа, оваа криптовалута постојано растеше, а сега достигна рекордна вредност од 66.000 долари.

Сепак, директорот на CoinList не е единствениот кој има големи очекувања од биткоинот. Некои други аналитичари и инвеститори сметаат дека ќе ја надмине психолошката граница од 100.000 долари, поради инфлацијата што ни претстои во наредниот период.

Тие веруваат дека биткоинот е безбедно засолниште во овие времиња. Сепак, како и кај секоја инвестиција, и овде треба да се следи старата поговорка за ставање јајца во различни корпи, бидејќи криптовалутите многу брзо го менуваат трендот на раст и редовно бележат огромни флуктуации, на кои сме сведоци цела оваа година.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија