Нови правила околу патувањето во Германија за време на корона криза

Германија, заедно со своите партнери од ЕУ, нареди опфатни ограничувања за влез, со кои патниците од земјите надвор од ЕУ може да влезат само со итна причина. Патниците, кои патуваат поради итни потреби, се замолени да носат соодветни докази , од кои произлегува потребата од нивното патување. Државјани од трети држави, кои не го исполнуваат тој услов ќе бидат вратени од граница.

Изземени од овие ограничувања, освен германските државјани, се следните групи на лица:

  • Државјани на земји-членки на ЕУ, шенген-асоциирани држави (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), Велика Британија.
  • Припадници на трети држави (без германско државјанство или државјанство на ЕУ) со валидна германска дозвола за престој за враќање на местото на нивното вообичаено живеалиште.
  • Државјани од трети држави со валидна германска дозвола за престој или валидна национална виза со следните цели на патување:

    Приклучување кон семејството (само сопружници/животни партнери и 
      малолетни деца),

    – Медицински персонал и истражувачи, негуватели,

    квалифицирани работници во смисла на законската дефиниција во членовите 18 став 3, 18 а, 18 б од Законот за престој,

    – истражувачи и научници на признати истражувачки институции во смисла на § 38 а став 4 а од Правилникот за престој, доколку се докаже потребата од лично присуство,

    – ИТ-специјалисти,

    – Персонал за превоз,

    – сезонски работници во земјоделтсво,

    – квалификувани деташирани работници (меродавно е внесувањето во  работната дозвола („Werkvertragsarbeitnehmerkarte„) од Сојузниот завод за вработување),

    – самостални вработени кои поседуваат национална виза според § 21 од Законот за престој,

    – професионално образвание според § 16а од Законот за престој,

    – Студирање на германски универзитети и посетa на училиште со интернат  вo Германија,

    – професионални спортисти во смисла на § 22 став 4 од Правилникот за вработување, заради ангажирање во германски спортски клубови и учество на натпреварувачки спорт, и максимално 2 лица за придружба (на пр. тренер, психотерапевт или слично),

    – останати професионални спортисти (вклучувајќи е-спортисти (електронски спорт) во смисла на § 22 став 5 од Правилникот за вработување, заради учество на натпревари и турнири, и максимално 2 лица за придружба (на пр. тренер, психотерапевт или слично),

    – спортиски и спортисти, кои од нивните национални спортски друштва за тренинзи се испраќаат во Германија,

    – учесници на меѓународни спортски натпревари во смисла на § 23 од Правилникот за вработување,

    – религиозни великодостојници, кои во Германија се вработуваат од
      религиозни причини.

  • Членови од тесно семејство (т.е. сопружници/животни партнери и малолетни деца и родители од малолетни деца) од германски државјани, државјани на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка  Швајцарија или Велика Британија или државјани на трети држави со постоечко право на престој во Германија смеат отсега и без посебна причина привремено да патуваат заради семејни посети во Германија. Семејната припадност треба да се докаже со соодветни лични документи. Документите од Република Македонија траба да имаат Апостил печат.
  • Немажени/неоженети партнери на Германци/Германки што живеат во Германија, на државјани на земји-членки на ЕУ и на шенген-асоциирани држави (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Велика Британија како и на државјани на трети држави со валидна германска дозвола за престој во Германија смеаат да патуваат за краткорочен престој, ако станува збор за долгодишна врска односно врска/партнерство на подолго време. Подетални информации за условите и за потребните докази ќе најдете на веб-страната на Сојузното министерство за внатрешни работи, кај делот „Travel restriction / border control“ (само на англиски јазик).

  • Немажени/неженети парови, од кои еден е Германец или државјанин на земја-членка на ЕУ и на шенген-асоциираните држави (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Велика Британија и имаат заедничко живеалиште во странство, смеат да патуваат само во случај на итни причини за патување на кратка посета. Подетални информации за условите и за потребните докази ќе најдете на веб-страната на Сојузното министерство за внатрешни работи, кај делот „Travel restriction / border control“ (само на англиски јазик).

  • Државјани од трети држави со т.н.  „essential functions or needs“ се замолуваат да носат со себе докази за причината за итен влез, од кои произлегува нужноста за преминување на границата. Тука спаѓаат:

    – роднини од 1. и 2. колено кои не спаѓаат во потесното семејство (т.е. полнолетни деца, родители од полнолетни деца, браќа и сестри и баби и дедовци) од германски државјани, државјани на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка  Швајцарија или Велика Британија,  или државјани од трети земји со право на престој во Германија, со итни семејни причини,

    – дипломати, вработени во меѓународни организации, воен персонал,

    – хуманитарни помошници кои ја извршуваат својата функција,

    – патници кои транзитираат/пропатуваат ( со автомобил или авион) за време на  директното, непрекинато транзитирање, доколку влезот во целната држава (или друга транзитна држава) е дозволен (потребни се докази),

    – лица со признат статус на бегалци.

Важно! Ве молиме обрнете внимание на тоа дека Амбасадата не може да издава никакви индивидуални потврди дали некое лице спаѓа под некој од важечките исклучоци. Патниците својата индивидуална ситуација мора сами да ја докажат или прикажат дека е веродостојна. Одлуката за дозвола за влез ја донесува надлежната гранична служба по проценка согласно нејзината должност (во Германија тоа е Сојузната полиција).

На новата веб страна Re-open EU ќе ги најдете секогаш актуализираните информации во врска со патување и одмор во ЕУ, меѓу другото и за сообраќајните средства, забрани или ограничувања на влез како и правила за заштита на јавното здравје какви што се држењето дистанса и носењето на заштитни маски.

Обврска за карантин
Македонија е назначена како ризично подрачје во однос на Ковид-19, а актуелниот список на ризчните земји може да го најдете тука. Сите лица, кои 14 дена пред влегување во Германија престојувале во некое од ризичните подрачја, мора начелно да одат во 14дневен карантин откако ќе влезат во Германија. Оваа обвска за карантин важи независно од  државјанството,  изземени се само патници кои транзитираат ( со автомобил или авион).

Патниците од Македонија се обврзани веднаш и директно да се упатат на саканото место (место на живеење т.е. сместување), да бидат во карантин и по мејл или телефонски да се пријават кај локалните здравствени служби (адреса) или кај инспекторатот.

Одлуката, колку долго треба да трае карантинот и под кои услови е можно изземање од обврската за карантин, ја носат локалните Здравствените служби. Советување односно давање совет од амбасадата не е можно.

Детални информации за актуелните правила ќе најдете на веб-страната на Сојузното министерство за здравство во делот „Frequently Asked Questions regarding corona testing when travelling to Germany“ како и во информативните листови за патници, објавени на повеќе јазици.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија