Германија, заедно со своите партнери од ЕУ, нареди опфатни ограничувања за влез, со кои патниците од земјите надвор од ЕУ може да влезат само со итна причина.
Изземени од тоа правило, покрај германски државјани и државјани на ЕУ-држави, се и државјани од трети држави (без германско државјанствo или државјанство на една од ЕУ-членките), кои поседуваат важечка германска дозвола за престој и кои се враќаат на местото каде што живеат. Патниците, кои патуваат поради итни потреби, се замолени да носат соодветни докази , од кои произлегува потребата од нивното патување. Државјани од трети држави, кои не го исполнуваат тој услов ќе бидат вратени од граница.
На новата веб страна Re-open EU ќе ги најдете секогаш актуализираните информации во врска со патување и одмор во ЕУ, меѓу другото и за сообраќајните средства, забрани или ограничувања на влез како и правила за заштита на јавното здравје какви што се држењето дистанса и носењето на заштитни маски.
Обврска за карантин
Република Македонија е назначена како ризично подрачје во однос на Ковид-19, а актуелниот список на ризчните земји може да го најдете тука. Сите лица, кои 14 дена пред влегување во Германија престојувале во некое од ризичните подрачја, мора да одат во 14дневен карантин откако ќе влезат во Германија. Оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, изземени се само патници кои транзитираат.
Изземања од карантин се можни со негативен резултат од ПЦР-тест за вирусот SARS-CoV-2, кој при влез не смее да биде постар од 48 часа. Одлуката, дали навистина постои исклучок ја носат Здравствените служби. Упатство во врска со обврската за карантин може да го најдете тука.
Информации во врска со ситуацијата може да најдете на веб страната на Сојузната Влада.
Информациите на нашата веб страна континуирано се ажурираат. Ве молам редовно да ја посетите и да се информирате за актуелната ситуација.