Истражување за 2016 година: Кои градови нудат најквалитетен живот

Градот кој е познат по вкусните крофни, чоколадните торти, штрудли и многу други висококалорични задоволства, овојпат ја доби и титулата за Град кој нуди најквалитетен живот. Консултантската фирма Мерсер, по осумнаесетти пат го истражуваше животот на граѓаните во многу земји од светот, а седма година по ред, Виена се искачи на врвот. Австриската престолнина, по седми пат ги поразува големите градови како Њујорк, Лондон, Париз, Хонг Конг и Дубаи.

Веднаш зад Виена, се најдоа други, претежно западноевропски градови – Цирих се искачи на второто место, а Минхен на четвртото.

„И покрај неодамнешните прашања во поглед на безбедноста во Европа, социјалнтеи немири и загриженоста во врска со економската ситуација, европските градови продолжуваат да нудат висок квалитет на живот“, се вели во соопштението од Мерсер.

Покрај споменатите европски градови, во првата петорка се најде и најголемиот град во Нов Зеланд, Окланд, како и најголемиот канадски град, Торонто. Од азиските градови, Сингапур го имаше најдобриот пласман, земајќи го 26-то место. Од Блискиот Исток, најдобро се рангираше Дубаи (75 место), додека пак во Африка само два града се најдоа во најдобрите 100, а тоа се Кејп Таун (92) и Јоханесбург (95).

Истражувањето опфати 440 градови, кои беа оценувани според неколку фактори како безбедноста, здравството, училиштата, можностите за рекреација, квалитетот на животната средина, пристапот до јавните служби и слично.

„И покрај економската несигурност, западноевропските градови сè уште уживаат во висок квалитет на живот. Доказ за тоа е што во првите 10, дури 7 се европски градови“, се вели во соопштението од Мерсер.

На шестото место се најде германскиот град Дизелдорф, веднаш по него следуваше Франкфурт, на осмото место е Женева, Копенхаген е на деветтото, а Сиднеј на десеттото.

Париз, кој беше сведок на два големи терористички напади во текот на 2015, оваа година е на 37-та позиција, додека пак Лондон е на 39-то место.

Мерсер исто така направи рангирање на градовите во поглед на личната безбедност која ја имаат граѓаните. На таа листа, Луксембург изби на врвот, по што следеа Берн, Хелсинки и Цирих.

На дното од листата се најдоа Багдад и главниот град на Сирија, Дамаск.

https://www.youtube.com/watch?v=X3sWerGrlp8&feature=youtu.be

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија