ПочетнаАктуелноКои се најписмените нации во светот

Кои се најписмените нации во светот

Истражувањето на Џон Милер од Државниот универзитет во Конектикат, покажа дека нордиските нации можат да се сместат на врвот кога е во прашање нивната писменост. Широкиот спектар на весници и списанија, големиот број на јавни библиотеки, лесниот пристап до компјутери и интернет, како и одличниот образовен систем, беа клучни фактори поради кои овие народи можеме да ги прогласиме за најписмени нации во светот.

Финска, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска се најдоа на првите пет места, а веднаш по нив следуваа Швајцарија, САД, Германија, Латвија и Холандија.

Одредени азиски земји како Сингапур, Јужна Кореја, Јапонија и Кина, би можеле да бидат на врвот доколку единствениот фактор за оценка се тестирањата во образовните установи. Сепак, овие земји потфрлија кога се во прашање јавните библиотеки и лесниот пристап до информации.

Од балканските земји, највисокото место го освои Бугарија (34), потоа следуваше Грција (40), Хрватска (44), Србија (49) и Албанија (54).

најписмени-нации-во-светот

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ