Составете соодветна професионална биографија (CV)
Биографија или CV (исто така позната како резиме), претставува кратка биографија на вашето професионално искуство. CV-то треба да биде долго една до две страници и да вклучува преглед на досегашното работно искуство на апликантот, образованието, достигнувањата или наградите, посебни вештини и референции. Контакт информациите секогаш треба да бидат вклучени на врвот на првата страница.
Пример за биографии:
Пример CV 1: готвач
Пример CV 2: инженер
Пример CV 3: медицинска сестра
Што треба да содржи вашето мотивациско писмо?
Во мотивациското писмо (personligt brev), на една страница, треба да потенцирате зошто сте вистинската личност за позицијата за која аплицирате. Наместо едноставно да ги набројувате вашите заслуги и успеси во кратката биографија, обидете се да направите врска помеѓу она што компанијата го бара за конкретното работно место и вашите вештини и искуства. Ова е вашата прилика да му покажете на работодавачот зошто токму вие сте најдобрата личност за таа работа.
Други потребни документи?
За некои професии можно е работодавачот да побара и други дополнителни документи или примероци од досега извршена работа, како што се портфолио или поседување соодветни сертификати. Доколку не сте сигурни што точно се бара, можете директно да се обратите до работодавачот и да побарате појаснување или да ги контактирате соодветните професионални здруженија/синдикати или комори.
Линкови до шведските синдикати/здруженија
Шведската конфедерација на синдикати (LO)
Шведската конфедерација на професионални здруженија (SACO)
Шведската конфедерација на работници (TCO)
Како да се подготвите за интервју
Компанијата ќе ги разгледа вашите документи и доколку се заинтересира, ќе ве контактира за следниот чекор – фазата на интервјуто (intervju) во процесот на регрутирање. Работодавачот е веќе запознаен со вашите основни квалификации, а за време на интервјуто вие ќе имате шанса да го покажете својот ентузијазам за работата од „прва рака“ и лично да му се претставите на работодавачот. Немојте да се изненадите ако некои од поставените прашања не се директно поврзани со работата – бидете подготвени да зборувате за вашето семејство и за она што го правите во слободното време.
Ако аплицирате за работа во Шведска од странство, вашето прво интервју може да се случи преку телефон или видеоконференција (на пример, Skype). Ако сте поканети да дојдете во Шведска за интервју, имајте на ум дека за граѓаните на некои земји е потребна виза. За повеќе детали, погледнете ја веб-страницата на Агенцијата за миграција.
За време на интервјуто, работодавачот треба да ве запознае со преостанатиот процес при вработувањето. Во зависност од областа и видот на работната позиција, може да следуваат неколку интервјуа или тестирања.
Што е следно?
По интервјуто, работодавачот ќе ве контактира за да ви соопшти дали сте избрани за работата. Откако ќе ја добиете понудата за работа, државата чие државјанство го поседувате, ќе ги утврди вашите следни чекори. Побарајте информации за достапноста на работни дозволи за граѓаните на вашата земја на следниот линк.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска