Поминаа цели 6 децении откако беа направени низа научни истражувања, пред се од страна на Светската здравствена организација, за да Обединетите нации го отстранат од листата на опасни дроги канабисот. Тој досга беше на истата листа со хероинот и слични опасни наркотици, но по ваквиот чекор на ОН, сега се дава целосен легитимитет на лековитите својства на канабисот .
Угледниот Њујорк Тајмс наведува дека Комисијата за наркотични дроги, во која членуваат дури 53 земји пред да направи преквалификација на канабисот разгледала низа препораки од СЗО, а по ова, многу земји бараат насоки што понатаму. Сепак, признавањето на ОН е симболична победа за поборниците за промена на политиката за лекови, кои велат дека меѓународното право е застарено.
Се очекува, ваквата преквалификација на канабисот да ги зајакне медицинските истражувања и напорите за легализација низ целиот свет, со што ќе се создаде огромен простор за медицинските придобивки од канабисот.