Маж ги прекршил корона правилата по што е стрелан

Во Северна Кореја e стрелан маж поради кршење на корона-правилата. 

Oваа земај одржа јавна егзекуција пред стрелачки вод за да го казни граѓанинот за кршење на правилата утврдени поради коронавирусот, велат извори од таа земја.

Мажот обвинет за шверц преку затворената граница со Кина е застрелан на 28 ноември, со цел да се исплашат луѓето и да ги натераат да ги следат правилата, пренесува Радио Слободна Азија.

Северна Кореја официјално тврди дека немала случаи на коронавирусот, а режимот на Ким Џонг-Ун воведе итни мерки на карантин на високо ниво и на војниците им е наредено да пукаат во минувачите на кинеската граница.

Убиениот маж наводно имал педесетина години и бил обвинет за криумчарење со кинески деловни партнери преку границата, која беше затворена во поголемиот дел од 2020 година.

Во светот има земји каде нема починати од коронавирусот. Тоа се претежно мали островски земји. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија