Според податоците од последното истражување на Евробарометарот во јануари оваа година, Швеѓаните се многу попозитивно настроени кон имиграцијата отколку граѓаните на било која друга земја во Европската унија. Дури 72% од Швеѓаните се изјасниле дека се за имиграција на граѓани од земјите надвор од ЕУ, а 82% се позитивни за имигранти од другите ЕУ држави.
Ниту една друга земја на листата не покажала толкава отвореност за доселеници како Шведска. Следни на листата се Хрватска и Шпанија со резултати од само 48% од граѓаните кои се изјасниле дека се позитивни за имигрантите надвор од ЕУ.
Во просек, солидно мнозинство од 57% од европските граѓани се опишале себеси како негативно настроени кон имиграцијата од земји надвор од ЕУ.
Marie Demker e професор по политички науки на Универзитетот во Гетеборг која вели дека Швеѓаните се навикнати на високо ниво на имиграција: „Барањето азил никогаш не било спорно прашање во шведската политика, што повторно може да се објасни преку позитивниот став на Швеѓаните за доселениците. Расизмот и ксенофобијата се феномени кои шведскиот народ не ги сака.“
Од другата страна на табелата се наоѓа Латвија, како држава која е најмалку толерантна кон имигрантите. Само 16% од граѓаните се изјасниле дека се позитивни кон доселеници надвор од ЕУ. Втора на листа како најзатворена земја е Италија, каде што само 18% од испитаниците им посакуваат добредојде на имигрантите кои не доаѓаат од ЕУ.