Кои ЕУ држави се најотворени за имигранти?

Според податоците од последното истражување на Евробарометарот во јануари оваа година, Швеѓаните се многу попозитивно настроени кон имиграцијата отколку граѓаните на било која друга земја во Европската унија. Дури 72% од Швеѓаните се изјасниле дека се за имиграција на граѓани од земјите надвор од ЕУ, а 82% се позитивни за имигранти од другите ЕУ држави.

Ниту една друга земја на листата не покажала толкава отвореност за доселеници како Шведска. Следни на листата се Хрватска и Шпанија со резултати од само 48% од граѓаните кои се изјасниле дека се позитивни за имигрантите надвор од ЕУ.

Во просек, солидно мнозинство од 57% од европските граѓани се опишале себеси како негативно настроени кон имиграцијата од земји надвор од ЕУ.

Marie Demker e професор по политички науки на Универзитетот во Гетеборг која вели дека Швеѓаните се навикнати на високо ниво на имиграција: „Барањето азил никогаш не било спорно прашање во шведската политика, што повторно може да се објасни преку позитивниот став на Швеѓаните за доселениците. Расизмот и ксенофобијата се феномени кои шведскиот народ не ги сака.“

Од другата страна на табелата се наоѓа Латвија, како држава која е најмалку толерантна кон имигрантите. Само 16% од граѓаните се изјасниле дека се позитивни кон доселеници надвор од ЕУ. Втора на листа како најзатворена земја е Италија, каде што само 18% од испитаниците им посакуваат добредојде на имигрантите кои не доаѓаат од ЕУ.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија