CareerBliss е компанија која се занимава со истражувања во различни области на бизнисот, меѓу другото и најдобри услови за работа, најдобри компании, градење кариера, како и задоволство на вработените на одредени позиции. Тие неодамна составија листа на работи за кои повеќето луѓе се чувствуваат среќни, врз основа на тестови на повеќе од 100.400 вработени. На тестот вработените даваа оценки 10 фактори кои влијаат на задоволството од работата, вклучувајќи ги и оние во врска со работодавачот и колегите, опкружувањето на работното место, бенефициите, можностите за напредување, деловната политика, репутацијата на компанијата и дневните задачи.
„На работното место поминуваме најголем дел од денот, па затоа задоволството од работата е важен фактор што ја одредува целокупната среќа во животот. Скоро секој човек има желба да се чувствува вредно, на работното место или кариерата која им овозможува тоа, се клучот и за долгорочен успех во бизнисот“ – вели Heidi Golledge, извршен директор на CareerBlissa.
Според нивната листа, најсреќни се софтверските инженери. Индексот на задоволството на овие работници е 4,26 (од максимум 5). Работниците се задоволни со работата, компаниите за кои работат, но исто така се задоволни и од високите приходи.
Второто место го делат готвачите и агентите на недвижности. Нивното задоволство е со индекс од 4,15. Како главна причина за среќа кај готвачите, се наведени различните задачи во кои тие се ангажирани – креирање менија, избор на храна, обука на вработени, љубовта кон храната и слично. Додека пак агентите на недвижности се главно ангажирани во инвестиции и изградби на недвижен имот, па нивното задоволство произлегува од самата природа на работата, како и луѓето со кои доаѓаат во контакт.
На третото место со индекс на задоволство на 4.13 се најдоа вработените во банка. Банките обично нудат добра плата, како и пријатно и организирано место за работа.
На листата се најдоа и раководните позиции, како што се менаџери во човечки ресурси, менаџерите за продажба, кои потенцираат дека динамична средина и работата со луѓе се главен извор на задоволство. Тука се и оние кои не сакаат комуникација со други луѓе – програмери, електроинженери и експерти во конструкција на згради. За нив е најважна љубовта кон работа.
Изненадувачки, на листата со висок индекс на задоволство оф 4,11 се најдоа и административните службеници. Тоа е така затоа што оваа работа не носи премногу одговорност и обврски, но сепак овие луѓе имаат желба да придонесат за компанијата и се чувствуваат важни.