Услови за работна дозвола за Австрија

Кога е во прашање дозволата за работа во Австрија, дали ќе ја добиете или не првенствено зависи Вашата националност како и професија.

Државјаните на Белгија, Бугарија, Чешка Република, Данска, Естонија, Германија, Унгарија, Финска, Франција, Грција, Велика Британија, Ирска, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Шпанија, Кипар или Швајцарија можат да работат во Австрија без да им се бара било каква дозвола.
На државјаните на Хрватска сè уште им треба дозвола за работа, поради преодните договори кои ќе важат до 2020 година.

Доколку добиете работа која не е предмет на одредбите на австрискиот Закон за вработување и работа на странци, нема да Ви биде потребна работна дозвола. Активности кои спаѓаат во оваа група се оние во рамките на програми за размена, истражувачки програми на Европската унија, како и активности во академската настава и истражување.

Студентите од сите други земји (т.н. трети земји), кои имаат дозвола за престој за студирање (Aufenthaltsbewilligung “Studierender”) им е дозволено да работат во ограничен обем и во согласност со прописите на австрискиот Закон за вработување и работа на странци. Студирањето мора да биде примарната цел за престојот во Австрија. Притоа, постојат два типа на вработување, кои не смеат да влијаат на текот на студиите:
– Вработување со договор за вработување (unselbständige Beschäftigung)
– Самовработување (selbständige Erwerbstätigkeit)

Дозвола за престој од 6 месеци со цел барање работа
Овој тип на дозвола можат да го добијат студентите кои успешно ги завршиле своите студии на некој австриски универзитет, универзитетот за применети науки (Fachhochschule), акредитиран приватен универзитет, како и универзитетски колеџи за наставници. Целта на ваквата дозвола е да им се овозможи на дипломците полесно да најдат работа. Оваа потврда важи само во границите на Австрија и со неа не може да се престојува во други земји на шенген зоната.

Виза за барање работа
Доколку сакате да барате работа во Австрија, можете да аплицирате за виза Д чие времетраење е 6 месеци. Покрај исполнувањето на општите услови за издавање на виза, Вие исто така морате да поднесете доказ за Вашите квалификации. Апликациите мораат да бидат поднесени во австриската амбасада каде што живеете. Откако ќе добиете ваква виза, можете да заминете на шестмесечен престој во Австрија со цел да барате работа. Доколку во меѓувреме најдете, можете да поднесе пријава за „Црвена-бела-црвена“ карта. Повеќе информации за оваа карта прочитајте тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија