Резултатите на една нова студија за квалитетот на животот во Швајцарија, покажаа дека Женева е најлошиот град за живот во оваа држава. Имено, ова се должи на фактот што во овој град има повеќе грабежи, бучава, сообраќајни несреќи и позагаден воздух, за разлика од други швајцарски градови.
Студијата објавена од страна на Заводот за статистика на Швајцарија (BFS), оценуваше осум големи швајцарски градови, според 24 критериуми кои се однесуваат на квалитетот на живот, вклучувајќи ги и приходите за живот, работата, сместувањето, безбедноста, здравјето и животната средина.
Истражувањето покажа дека Женева има најмал број на граѓани кои живеат во куќи, наспроти големата бројка на луѓе кои живеат во мали станови. Пренаселеноста и малиот комфор кој го имаат жителите на Женева, беше една од причините поради кои овој град се најде на дното на листата. Следствено на ова, мошне e тешко да најдете стан за живеење, поради што и кириите се повисоки за разлика од другите градови.
Женева има најголем проблем и со бучавата од хаотичниот сообраќај, за што дури повеќе од 60% од жителите се пожалиле дека се вознемирени и ненаспани.
Овој град исто така се соочува со најголем број на грабежи и сообраќајни несреќи по глава на жител, како и најголемо загадување на воздухот.
Веднаш по Лозана, Женева има втора највисока стапка на невработеност. Лозана има втора највисока стапка на грабежи, а Женева е прва на листа во Швајцарија според бројот на пријавени напади.
Сепак, двата града имаат и добри карактеристики кога е во прашање квалитетот на живот. Па така, според истражувањата, Женева и Лозана имаат најмали стапки на самоубиства, a во Женева има и најмала стапка на срцеви и белодробни болести.
Ако ви се допадна статијата, а и за повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата група Македонци во Швајцарија