За 1.200 евра идните пензионери во Германија мора да работат напорно. Имено, треба да заработувате најмалку 37.000 евра годишно доколку сакате да имате толкава пензија.
Во многу региони на Германија некогаш киријата и трошоците за живот можеа да се платат со 1.200 евра месечно. Денес тоа е малку потешко.
Но, колку време треба да се работи и колку да се заработува за да имате 1.200 евра нето како пензионер?
Годините прават разлика
„Во 2022 година за ова беше потребна бруто годишна плата од 37.028 евра и 35 години работа“, велат од германското Министерство за труд и социјална заштита. Тоа е еднакво на околу 3.085 бруто евра месечно, пишуваат германските медиуми.
По 45 години работа – односно почнувајќи од 20 години и без прекин поради семејство или болест до 65-годишна возраст за пензионирање – ќе имате бруто пензија од 1.200 евра. За ова вработените мора да заработуваат годишна бруто плата од 23.823 евра.
Според оваа сегашна пензиска табела се работи за околу 1.985 евра бруто месечно, но мора да имате 45 годин стаж, што за нас кои емигрираме во Германија е малку потешко бидејќи повеќето од нас сме дојдени на 30+ години.
Колку пари се уплаќаат за пензија?
За да дојдеме до оваа сума треба да знаеме колку се заработува во Германија. Во 2022 година просечната плата во Германија беше 4100 евра бруто ( знам дека многу од вас нема да се сложат со оваа сума, но таа е просечната плата во Германија ).
Ако тука ги додадете хонорарните и дополнителните работни места, бројките изгледаат поинаку: тогаш просечната бруто плата е 3.199 евра.
Со тоа доаѓаме до сумата од 2165 евра нето просечна месечна плата во Германија.
Иако сите штедиме во време на инфлација, цените на храната и енергијата растат и е многу тешко за многу вработени во Германија, германското пензиско осигурување советува доброволно да се издвојат повеќе пари денес за да се избегне сиромаштија во старост.
Имено, во Германија се повеќе пензионери живеат тешко, особено во последните години кога поскапеа енергенсите и храната.
Се разбира, многу од нас планираат пензионерските денови да ги поминат во Македонија каде што германската пензија вреди многу повеќе него во Германија.
Какви се вашите планови, каде ќе се пензионирате, ќе останете во Германија или ќе се вратите во Македонија.