Колку цигари и тутунски производи е дозволено да се превезуваат преку граница?

Доколку размислувате да патувате во ЕУ со автомобил треба да знаете колку и што смеете на носите со вас.

Има многу нејаснотии и нелогични закони, но тие мора да се почитуваат за да се избегнат казни, кои во некои случаи се многу ригорозни. Овде објавуваме список на сите работи што можете или не можете да ги внесете на границата со Еу односно во Република Хрватска.

Многу патници се прашуваат колку цигари или тутунски производи е дозволено да се транспортираат преку граница, еве ги одговорите:

Луѓето кои патуваат со автомобил или железница можат да донесат 40 цигари, 20 цигарилоси, 10 пури и 50 грама тутун за пушење. Сите патници можат да внесат иста количина од 50 грама загреан тутунски производ, 10 милилитри е-течност и 50 грама т.н. нови тутунски производи од член 94 став 2 од Законот за даноците.

Патниците со авион можат да донесат малку повеќе тутунски производи во ЕУ од оние кои патуваат со други видови на транспорт. Тие можат да донесат 200 цигари, 100 цигарилоси, 50 пури и 250 грама тутун за пушење по воздушен пат.

Тука прочитајте:

Колку месо и млеко е дозволено да понесете со себе преку граница?

Што можеме да пренесеме преку хрватската граница во ЕУ? Ќе се изненадите што е дозволено, а што е забрането


Колку пари може да се внесат и изнесат преку граница?

Колку алкохол (ракија, вино или пиво) е дозволено да се носи преку граница?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија