Владата на Народна Република Кина за учебната 2015/2016 година доделува 2 (две) стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети.
Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во три примероци:
- Пријавен лист (пријавувањето е online на www.csc.edu.cn/laihua или на www.campuschina.org, агенциски број 8071/пополнетиот формулар се доставува и во министерството).
-
Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,
-
Фотокопие од дипломата за завршено високо образование (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
-
Фотокопие од уверението за положени испити (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик и заверено на нотар,
-
План за студиите (до 200 зборови за редовни студии,до 500 зборови за специјализации) и до 800 зборови за магистерски студии),
-
Две препораки од универзитетски професори (магистерски студии и специјализации),
-
Кратка биографија,
-
Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),
-
Лекарско уверение (образецот се добива во Министерството),
-
Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),
-
Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи,треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).
Краен рок за пријавување е 01.04.2015 година.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.
Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2015 год.
Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk.