Добиј стипендија и студирај во Јапонија

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho) на Јапонија за 2015-2017 година објавува Конкурс за стипендии. Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2015 – март 2017 год.) или 1,5 години (октомври 2015 до март 2017 год.).

б) Последипломски студии- магистратура или докторат, (април или октомври 2015година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

Стипендиите се наменети за усовршување или последипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат последипломските студии во Јапонија во област која што не е сродна со областа во која што ги завршиле своите додипломски студии.

Заинтересираните кандидатитреба да ги исполнуваат следните услови:

  1. да се државјани на Република Македонија;

  2. да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;

  3. да се имаат стекнато со универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2015 год.);

  4. да бараат усовршување во својата или сродна научна област;

  5. да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Стипендијата вклучува:

  1. месечен надоместок:~143.000–145.000 јапонски јени/месец;

  2. авионски билет (Македонија –Јапонија-Македонија);

  3. школарина.

 

Потребни документи за конкурирање:

(1) Пријава (веб страна на МОН);

(2) Пополнета апликација (веб страна на МОН);

(3) Област на студии и Програма за планот на истражување (веб страна на МОН);

(4) Четири (4) оригинални фотографии (4,5 x 3,5 см)

(5) Фотокопија од дипломата за завршен факултет (заверена на нотар) и превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

(6) Фотокопија од уверението за положените испити со оцени и просечен успех (заверена на нотар) и превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

(7) Препорака од универзитетски професор (веб страна на МОН);

(8) Препорака од работодавецот (за кандидатите кои се вработени);

(9) Абстракт од тезите;

(10) За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД.

Документите мора да бидат напишани на јапонски или англиски јазик.

Сите документи се приложуваат во 3 примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и техничко-технолошки развој, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Пријава и апликација за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат во прикачените документи на текстот на Конкурсот објавен на веб страната на Министерството за образование и наука: www.stipendii.mon.gov.mk.

 

Краен рок за пријавување: 13 јуни 2014 година

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија