ПочетнаАзијаQatar Airways со интервјуа за кабински персонал во Скопје

Qatar Airways со интервјуа за кабински персонал во Скопје

Авиокомпанијата Qatar Airways на 21 ноември во Скопје ќе организира интервјуа со потенцијалните кандидати од Македонија за кабински персонал (стјуарди и стјуардеси).

Краен рок за аплицирање на овој оглас е 20 ноември.

Потребни услови кои кандидатот треба да ги исполнува:
– Да има најмалку 21 година
– Досег со рацете од 212 сантиметри
– Најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност

Кандидатите треба да бидат подготвени да се преселат во Доха, Катар, да се отворени и комуникативни, како и способни да работат во мултинационален тим.

Интервјуата ќе се одржат на 21 ноември, во Холидеј Ин во Скопје, од 9 до 17 часот. Притоа, ќе имате можност да остварите директна комуникација со тимот задолжен за регрутација на нови кадри во компанијата.

За да аплицирате за овој оглас и да прочитате повеќе информации, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ