Листа на најбезбедни држави за живеење за 2015

Секој човек има сон да живее во безбедна земја. А кога велиме безбедна, најчесто мислиме на ниска стапка на криминал. Но, освен криминалот, треба да се да се земат предвид различни фактори, како на пример природните катастрофи, корупцијата, тероризмот, економската криза, културата и многу повеќе.
Почнувајќи од 2007 година, „Институтот за економија и мир“ објавува годишен Глобален индекс за мир, во која ги рангира државите по ниво на безбедност за живеење, врз основа на споменатите критериуми.
Листата за 2015 година изгледа вака:

 

#10 Сингапур

Сингапур важи за едно од најчистите места во светот кој привлекува милиони туристи. Оваа земја има слободен пазар, во неа владее благосостојба, а криминалот и корупцијата е многу мал. Во Сингапур се наоѓаат најпрометните пристаништа, па така нивната економијата главно зависи од трговијата, но и производство.

 

#9 Норвешка

Норвешка се најде на деветото место, како земја во која има најмала опасност од тероризам. Норвежаните се одличен, сигурен и богат народ кој ги почитува личната слобода и човековите права. Интересно е тоа што во Норвешка полицајците не носат оружје, а тоа е доказ за најниската стапка на криминал. Оваа земја има забележано само 34 убиства во 2008 година и има огромни резерви на природен гас, морска храна, свежа вода, нафта, минерали и други природни богатства.

 

#8 Јапонија

Иако Јапонија е земја која ја имаат погодено многу природни катастрофи, сепак се смета за осмата најбезбедните земји во светот за 2015 година поради реткиот криминалал. Оваа земја е позната по строгите закони, културата, дисциплината и многу повеќе. Постои ниско ниво на насилство и во споредба со другите индустриски земји, бележи малку случаи на грабеж. Јапонија е десеттата најголема популација во светот со околу 126 милиони луѓе, кои уживаат во долг животен век, а ја имаат и најниската стапка на смртност кај новороденчињата.

 

#7 Канада

Канада е земја во која живеат луѓе од многу националности и религии, но мултикултурата е токму она кое ги охрабрува граѓаните да го задржат свој начин на живот и традиционалните вредности. Канаѓаните се урбана нација што ги почитува човековите права, а Канада го држи рекоротд во најниска стапка на насилство.

 

#6 Грузија

Грузија може да се смета како едно од најбезбедните места во светот за живеење, бидејќи луѓето можат слободно да шетаат сами во текот на ноќта во својот град. Ова можеби звучи смешно, но за жал е нешто кое не можете да го правите во многу светски метрополи. Грузија има најниска стапка на кражби, тероризам и убиства, што ја прави и една од најдобрите места за туризам. Овде можете да го посетите крајбрежјето на Црното Море, планинскиот венец Кавказ, национални паркови, како и многу други природни убавини заштитени од УНЕСКО.

 

#5 Нов Зеланд

Според извештајот, стапката на криминал во оваа земја е намалена во однос на претходната година, иако бројот на населението е зголемен. Но, тоа не е единствената причина зошто Нов Зеланд е рангирана како петта најбезбедна земја во светот за 2015 година. Нов Зеланд може да се пофали со стабилна економија, добар политички систем, добра животна средина и развиена надворешна политика. Сите овие фактори овозможуваат земјата да им обезбеди мирен живот на своите граѓани.

 

#4 Австрија 

Австрија се наоѓа во централниот дел на Европа и важи не само за една од најбезбедните држави, туку и за една од земјите со најмногу природни убавини. Поради строгите закони, во Австрија стапката на криминал е многу ниска.

 

#3 Данска

Во Данска не постои толеранција за прекршување на човековите права, а луѓето успеваат да ја одржат родовата еднаквост, што не е возможно во многу други земји. Луѓето се пријателски настроени и се сконцентрирани на работа и економски развој, наместо насилство и грабежи.

 

#2 Тајван

Тајван е рангирана на второ место на оваа листа, бидејќи граѓаните во оваа земја не се изложени на грабежи, криминал и насилство. Луѓето во оваа земја се добронамерни, пријателски расположени и ќе ви помогнат и без да го побарате тоа. Туристите исто така нема да се соочат со било каков вид на насилство во оваа земја. Тајван има напредна индустриска економија, брз економски развој и индустријализација. Оваа земја е рангирана високо и во однос на здравствената заштита, економската слобода, квалитетното образование и слично.

 

#1 Исланд

Првото место за најбезбедна држава за живеење, годинава му припадна на Исланд.

Познат е по природните убавини и богатства, глечерите, топлата пролет и ладната клима. Има ниска стапка на криминал и гарантира максимална безбедност. Исланд има висок БДП по глава на жител, кој им овозможува на луѓето да имаат богат и удобен живот. Но, важен фактор е и тоа дека Исланд нема своја војска. А тоа е само уште еден показател дека е безбедна и пријателски настроена земја.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија