Одите на работа на брод? Еве што да спакувате

Ако за прв пат одите на работа на брод и не сте сигурни што точно треба да спакувате, оваа статија ќе ви биде од голема помош.
Поради големината на бродските кабини каде престојува персоналот, ќе мора да се спакувате рационално и да понесете со себе само она што би ви било неопходно. Притоа имајте на ум следново: сѐ што ќе спакувате, ќе треба да можете да го носите самите преку целиот транспорт до бродот. За полесно носење, препорачливо е вашиот куфер да има тркалца, а заради полесно складирање подобро е куферот да биде мек. Пред да заминете, во самата компанија информирајте се што не смеете да носите. Различни компании имаат различни правила.

Препорачливо е да имате доволно производи за лична хигиена барем за првите 2 недели (на пример шампон, дезодоранс, паста за заби, спреј за коса, итн). Цените на овие производи се повисоки на некои од пристаништата, а освен тоа во текот на првите неколку недели ќе бидете мошне зафатени, па тоа треба да го планирате навреме. Најверојатно ќе најдете време за да отидете до некоја продавница откако бродот ќе стигне на пристаништето, но ако нешто заборавите, вакви производи се достапни и на самиот брод, но во ограничена количина.

Постелнината и пешкирите се обезбедени од страна на компанијата. Доколку сакате, дозволено ви е да си донесете своја постелнина и пешкири. Перењето на вашата облека е ваша одговорност – на самиот брод постои посебен дел каде членовите на екипажот каде можете да сторат тоа.

Пред да влезете во бродот, сите електронски уреди што ги носите мораат да бидат проверени. Заради безбедносни причини, најчесто не е дозволено да понесете пегла за алишта или некаков уред за готвење.

Дозволено е да понесете постери, мали украсни предмети, фотографии, календар, книги и други лични предмети. Сепак, не е дозволено истите да ги закачите со селотејп или шајки. Единствено можете тоа да го сторите со магнети. Бродските компании имаат предвид дека кабината е место каде ќе живеете со месеци, па сакаат да се чувствувате како дома. Сепак, треба да бидете рационални во пакувањето на вакви предмети, бидејќи сметајте дека во кабината имате ограничен простор. Свеќи и слични предмети се забранети од безбедносни причини.

Не е дозволено да понесете алкохол со себе, особено ако за прв пат сте добиле работа на брод. Алкохолни пијалоци можат да се најдат на бродот, но треба да бидете внимателни при конзумација на алкохолот, бидејќи за прекршување на некои правила следат казни.

Од хигиенски причини, не смеете да понесете лесно расиплива храна. Под тоа се подразбира овошје, зеленчук, месо, млечни производи и слично.

Сите лекови кои се поврзани со некаква повреда или болест, ги пропишува самиот лекар на бродот. Доколку веќе земате некакви лекарства, понесете доволно количина за целото патување. Освен тоа, од безбедносни причини пожелно е да имате и рецепти како покритие за лекарставата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија