Кој е богат во Германија

Секојдневно гледаме луѓе кои очигледно живеат на висока нога и можат да си го дозволат најдоброто што може да се купи со пари да. Класичниот богаташ од филм има своја куќа во Минхен, милиони евра на банкарска сметка, вози бесен автомобил и летува на својата јахта. Да, таквата слика обично ни доаѓа на ум. Можеби не сте свесни за тоа, но ако живеете во Германија државата ве смета за богати долго пред тоа – што се гледа на вашиот платен данок.

Прво малку за средната класа. Повеќето од нас самите би се сместиле тука, но кој припаѓа на средната класа?

Според платата спаѓаме во средната класа ако заработуваме 60-200% од просечната плата. Тоа значи самостојно лице кое има на располагање од 985 до 4095 евра нето месечно, припаѓа на средната класа според приходите. Ако зборуваме за семејство со едно дете, секое демејство што заработува од 1770 до 7370 евра месечно е средна класа. Верувам дека огромното мнозинство од нас се тука некаде.

Чекор над тоа е нешто што државата го смета за „релативно богато“. Тоа е секој самец кој заработува повеќе од средната класа. Во Саксен, вие сте „релативно богат“ ако заработувате повеќе од 3.500 евра месечно како самец. Во Баварија 4329 и во Баден-Виртемберг над 4400 евра месечно. Семејство со едно дете е релативно богато ако има на располагање над 9000 евра месечно. Ако како семејство имате на располагање повеќе од 39.600 евра годишно – честитки – 80% од населението во Германија има на располагање помалку пари од вас.

Релативно богатите плаќаат 42% од данокот на доход и даваат добар дел од колачот на државата, што воопшто не е фер во споредба со „вистинските“ богати кои плаќаат малку повеќе данок (45% – што е најголема сума) само од годишни приходи од повеќе од 265 000 евра годишно (над 22 000 евра месечно како сингл).

Значи тогаш државата ве смета за вистински богати и дури тогаш морате да плаќате данок на богати. Не мора да се грижите за веќе богатите. Во 2018 година тие го зголемија своето богатство за 14%.

Без оглед на платата, сите можеме да се сместиме во една од овие категории:

  1. Имам доволно пари што никогаш повеќе не морам да работам, сè е одлично.
  2. Јас сè уште работам, заштедувам многу пари, немам заеми.
  3. Исто како и погоре, имам само 1 заем по пр. Автомобил или куќа.
  4. Исто како погоре, едноставно не можам да заштедам.
  5. Исто како погоре, имам само уште неколку кредитни картички за отплата.
  6. Имам потешкотии во плаќањето сметки, не сум ни кредитоспособен. Само да не ја изгубам работата
  7. Распад на системот, немам пари, невработен сум, ќе го изгубам и ова малку што го имам!

Ако имате нето приход од 5.000 евра месечно за државата, вие сте релативно богат. Можеби возите БМВ и носите сè „маркирано“. Но, ако 1500 евра одат за стан, 700 за автомобил, 300 за сметки и 1500 за трошење на намирници, излегувања и слично, не останува многу. Дали некогаш ќе имате недвижен имот, многу заштеди и вложени пари – точно тоа што го имаат богатите луѓе? Сигурно не. Колку ќе трае вашето богатство и што се случува кога ви недостасуваат приходи? Дали таква личност живее во мир знаејќи дека е финансиски безгрижна?

Месечните приходи се една работа, но она на што треба да обрнете внимание е зголемувањето на вашата нето вредност (Net Worth)! Што значи тоа?

Нето вредноста која една личност ја поседува е износот што би го имале доколку веднаш ги продадат сите свои вредности и ги покријат сите долгови. Колку би биле тогаш „вредни“?

ЕДЕН ПРИМЕР:
Марко има плата од 5.000 евра нето. За државата, тој е „релативно богат“, има добар автомобил и се однесува добро, пријателите го нарекуваат „Тајкун“.

Вака изгледа неговата финансиска состојба:

1. Средства:

  • Заштеди: 6.000е.
  • Недвижнини
    • земјиште: 20 000е.
  • Вредности (автомобил, накит):
    • Автомобил 40.000е.
    • Накит 2.000е.
  • Инвестиции (акции, удели во компании и сл.): 0е.
  • Осигурување живот и сл.: 0е.
  • Права, патенти: 0е.

2. Обврски:

  • Заем за автомобил: 32.000е.
  • Кредитна картичка: 4.000е.
  • Други долгови: 2.000е.

Вкупни обврски на Марко: 38.000е.

Вкупната нето вредност на Марко: 30 000 евра

Ајде сега да ја видиме Eлена. Таа има нето плата од 2.600 евра. Државата и зема помалку даноци, а Елена живее поскромно, штеди и се обидува да инвестира.

1. Средства:

  • Заштеди: 14.000е.
  • Недвижности: 0е
  • Вредности (автомобил, накит):
    • Автомобил: 10.000 евра
    • Накит: 500е.
  • Инвестиции (акции, удели во компании, итн.):
    • Акции во една компанија: 9000е.
  • Животно осигурување и сл.: 15.000е.
  • Права, патенти: 0е.

Вкупен имот на Елена: 48.500е

2. Обврски:

  • Кредит за автомобил: 0е.
  • Кредитна картичка: 0е.
  • Други долгови: 0е.

Вкупни обврски на Елена: 0е.

Вкупна нето вредност на Елена: 48.500 евра

Платата, а можеби и неговиот животен стил ќе ни каже дека Марко е побогат, но што е всушност точно? Замислете каква ќе биде состојбата на Марко и Јелена за 10, 20 години – кој ќе биде фиктивно, а кој навистина ќе биде богат? Кој ќе се пензионира порано, а кој ќе работи до 70-тите години?

Кое е вашето мислење? Дали личноста која заработува 56.000 евра годишно нето е богата?

Дали се чувствувате богати и дали има некој меѓу моите читатели кој е релативно или навистина богат?

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.