Некои работи се очекувани – знаат англиски, јасно, но некои те тераат да побараш човек што живее во Шведска да ти потврди. На пример, јадат благо само во сабота?!
Нам што ни е најголем културен шок? Па, Швеѓаните се еден од најсреќните народи на светот, балансот работа-живот им е на завидно ниво и надалеку се познати по социјалната еднаквост.
А понатаму:
1. Деновите за одмор се повеќе платени од работните денови.
2. Родителите имаат до 120 слободни денови годишно во случај да треба да се грижат за болно дете.
3. Шеснаесет месеци породилно, и можеш да го поделиш со партнерот.
4. Бакшишот не е задолжителен, затоа што платите во угостителството се фер.
5. Децата имаат бесплатен ручек во школо.
6. За деца што уште немаат положено има мопед-коли: развиваат до 45км/час.
7. Има гробишта полни зеленило во сред центар што се користат и како паркови.
8. Швеѓаните на каса во маркет ги местат производите со баркодот нагоре, за на касиерите да им биде полесно кога ќе ги куцаат.
9. Бебињата ги оставаат надвор во колички затоа што е нормално и во зима да спијат надвор.
10. Школувањето е бесплатно, ама постојат студентски кредити за трошоци за живот и имаат камата од 0,13%.
11. Нема клима-уреди во домовите.
12. Кога му даваш име на детето, владата мора да го одобри. Некои од забранетите се Икеа, Металика, Елвис, Супермен, Варанда, Q, Мајкл Џексон, Токен, Форд и Brfxxcxxmnpccclllmmnprxvclmnckssqlkb11116.
13. Алкохол не можеш да купиш после 3 во сабота, а во недела не работат продавниците.
14. Учениците ги викаат наставниците по име.
15. Швеѓаните совршено знаат англиски.
16. Можеш да земеш 5 недели одмор.
17. Швеѓаните се високи – ако си женско и 175цм – просечна си.
18. Се бањаат во мраз-вода во зима.
19. Јадат благо само во сабота.
А бе – гајле ви е. На кој му треба социјална еднаквост кога можеш да јадеш чоколадо во среда?
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска