„Македонска“ болница во Германија: Дури 20 врвни доктори од нашата држава работат во оваа клиника

На 17.02.2025 година, амбасадорот Илбер Села придружуван од Румена Нестороска, прв секретар ја посети клиниката Рон во Бад Нојштад. Она што е специфично за Рон клиниката е дека таму работи високо квалификуван лекарски тим од македонски кардиолози, кардиохирурзи, неврохирурзи, психијатри, пулмолози, анестезиолози и друг медицински персонал предводен од Д-р. Горан Трајковски, кардиолог, шеф на амбулантното одделение. 

Болницата е со капацитет од околу 800 кревети. Амбасадата сака да упати голема благодарност до македонските доктори кои срдечно не примија и изразија голем интерес за соработка со матичната земја во областа на медицината. Голем благодарност до:

Д-р. Горан Трајковски -кардиолог и директор во Центарот за медицинска нега во Бад Нојштад, Д-р. Емилија Јовановска Трајковска -психијатар и виш лекар во психосоматска Клиника, Д-р. Томе Ристов – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија, 

Д-р. Лепосава Михајлоска -кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија, Д-р. Ирена Кирова- невролог и виш лекар на клиниката за неврологија, Д-р. Гордана Трајчова Митреска- виш лекар на клиниката за анестезиологија, Д-р. Кирил Долдуров- кардиохирург и виш лекар на клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Даниел Арсовски- невролог и виш лекар на невролошката клиника, Д-р. Горан Ѓоргиев- невролог и специјалист по клиника за неврологија, Д-р. Натали Николоска – асистент доктор на клиниката за неврологија, Д-р Теа Михајлова – асистент доктор, Д-р. Христина Рибарска -асистент доктор на клиниката за анестезиологија и Д-р. Николина Димкова – асистент доктор во Психосоматска клиника. 

Македонскиот тим на доктори се дел од раководната структура на болницата, а дента иако не ги запознавме сепак се дел од врвниот им во Рон клиниката. Имено станува збор за, Д-р. Атанас Јанкуловски – кардиохирург, виш лекар на Клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Ѓоко Кучиноски-кардиохирург, специјалист на клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Татјана Дејкоска-анестезиолог, специјалист на Клиниката за анестезиологија, Д-р. Марија Ломан- доктор во Психосоматска Клиника, Д-р. Маја Арсова – доктор во психосоматска клиника, Д-р. Анита Дукоска Иваноска- пулмолог, специјалист во Торакален центар, Минерштат и Д-р. Јоана Ристов- пулмолог,специјалист во Thoraxzentrum Münnerstadt.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија