Македонска гордост: Падна Словенија, на ред е Америка

Шест први и една втора награда за моите пијанистки во Словенија. Браво за Теодора, Ноемина, Михаела, Јована, Бисера, Весна, Душица и Драгана. Одиме понатаму. УСА следна ❤️??.

Ова го објави Марија Максимова, професорката по пијано од Штип која работи со млади пијанисти кои учествувале на голем онлајн меѓународен натпревар во Словенија.

Поради пандемијата овој пат натпреварот бил онлајн што освен квалитетна изведба бара и огромен технички напор за снимање на материјалот на учесниците и нивните наставници.

Предходно Максимова била една од добитниците на плакета за најдобар наставник на просторите на поранешна Југославија а е добитник и на над 300 награди на различни натпреварувања.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија