Влез во Германија само со негативен Ковид-тест

Сите авионски патници кои влегуваат во Германија од недела 28.03.2021 треба да покажат негативен тест на коронавирус, првично тоа беше предвидено само за оние кои доаѓаат од корона-ризични подрачја.

Патниците кои доаѓаат со авион во Германија треба претходно да направат ПЦР тест за коронавирус, гласи новата уредба на Министерството за здравство, која беше предвидено да се применува од утре, но е одложена за од недела, со цел авионските компании да имаат време да се подготват.

„Патниците кои пред полетувањето нема да приложат негативен тест направен во последните 48 часа, не смеат да бидат пуштени во авион“, гласи одредбата, чија важност засега е ограничена до 12 мај годинава, а владата треба да даде дополнителна согласност.

Новата мерка се воведува по големата дебата во Германија околу летовите за Мајорка за време на велигденските празници. Поради нискиот број на новозаразени, шпанскиот остров Германија веќе не го сврстува во корона-ризични подрачја, што ги намами авиокомпаниите масовно да нудат летови до таму, на незадоволство на владата и сојузните покраини. Во игра беше и опцијата за генерална забрана за патување во странство, но за тоа нема расположение кај сите партии во владејачката коалиција во Берлин. 

Инциденцијата во Германија во меѓувреме порасна на 113 на 100.000 жители.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија