Германија се затвора за Велигден

Локдаунот во Германија продолжува до 18 април, а за Велигден, од 1 до 5 април, заклучувањето ќе биде уште построго, беше одлучено на состанокот меѓу канцеларот и покраинските премиери. Нема гаранција дека мерките ќе бидат олеснети по Велигден.

Претставници на двете најголеми христијански цркви во Германија, католичка и протестантска, изразија „изненадување” од мерките на сојузната и покраинските влади кои предвидуваат одржување на велигденски верски обреди без присуство на верници и најавија дека нема да се придржуваат до препораките на властите. Минатата година, за време на пролетната блокада, христијанските цркви се воздржаа од одржување миси во црквите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија