Мигрант добил дозвола за престој откако спасил жена од давење

Собуџ Калифа добил дозвола престој во Италија во времетраење од една година, откако спасил жена која се давела во реката Тибар.  32-годишниот бездомник, од Бангладеш пристигнал во Италија во 2008. Тој бил поздравен како херој откако ја спасил 55 годишната Израелка која сакала да се самоубие.

„Го видов телото и прво помислив дека е голема риба“, изјавил Калифа. „Кога видов дека е жена, почнав да трчам и да викам по помош.“
Тој изјавил дека во еден момент се фрлил во реката, успевајќи да ја повлече жената. Не се плашел, бидејќи како што кажува и самиот, тој е добар пливач, а додека живеел во Бангладеш често ловел риба.
„Жената имаше надуен стомак, голтнала многу вода. Јас не ја видов оттогаш, но знаев дека е жива.“

Sobuj-Khalifa-500x250

Импресионирани од неговиот чин на храброст и несебичност, властите во Рим на Калифа му дадоа дозвола за престој од една година. Тој исто така добил повик од градоначалникот на Рим, Игнацио Марино. Градоначалникот му честитал за храбриот и хуман гест.

Но, и покрај дозволата, Калифа ќе се врати да спие под мостот на реката Тибар. По пристигнувањето во Италија, тој работел сè и сешто за да преживее, вклучувајќи и продажба на цвеќиња и чадори на улиците во главниот град. Калифа изјавил дека сè што заработува испраќа дома, кај неговата болна мајка.

bangladesh-DEEP_3304291b

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија