Австралија останува да биде најскапата држава во светот

Веќе четврта година по ред, Австралија е прогласена за најскапата земја во светот, според годишниот „Светски извештај за цените“ (World’s Prices report) на Дојче банка. Јавниот превоз, цигарите и хотелското сместување се најскапи во Сиднеј и Мелбурн – речиси двојно повеќе од трошоците за хотел кои би ги имале во Њујорк.
Од друга страна, САД се најевтината земја во развој. Имено, според истражувањето на Дојче Банка, причина за ова е зајакнувањето на американскиот долар во однос на австралискиот. Па така, во моменталната состојба, Австралијците плаќаат 1,12 австралиски долари за она што Американците можат да го добијат за еден американски долар.
„Оваа година, силата на американскиот долар значително го стесни јазот помеѓу Австралија и САД“, објави Дојче банк.

За втора најскапа земја во светот беше прогласен Нов Зеланд, додека пак на третата позиција се најде Велика Британија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија