Мутираниот корона вирус потврден и во Германија. Локдаунот ќе продолжи.

Нов сој коронавирус што брзо се шири низ Велика Британија, е потврден за прв пат во Германија, објави денеска покраината Баден-Вуртемберг.

Инфицираното лице летало во Франкфурт од аеродромот Хитроу во Лондон за да ги посети роднините и имал позитивен тест по пристигнувањето.

Генетската анализа на примерокот во лабораторија во Берлин покажала дека се работи за вирусот Б.1.1.7, се вели во соопштението на Министерството за здравство на југозападната германска покраина.

„Ова е прв познат случај во Германија“, се додава во него.

Лицето, кое во меѓувреме има развиено благи симптоми, било однесено со автомобил од страна на членовите на семејството од аеродромот и оттогаш се изолирани во семејната куќа во Баден-Виртемберг, додава Министерството.

Три лица кои биле во близок контакт со таа личност исто така се во карантин, се вели во него.

Брзото ширење на новиот вид на коронавирус во Велика Британија поттикна некои европски земји да ги прекинат врските со таа земја.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија